Главни загадувачи не се колите туку ќумбињата и фабриките (големите и малите производствени центри).
БТЊ, оние истите што на оваа тема коментираат/се убедени дека загадувањето е од колите, тие истите на другите теми јавно се изјаснуваат дека посекако го греат возилото во место бар 5-10 минути. Одлични двојни стандарди. Како коментаров подоле од ДимитарМК, а истиот наголемо дава идеи во темава за тоа како да се намали загадувањето.
Тргнете од себе си. 
Opel Corsa D 1.2
Со 43л плин поминати 480км само градска во Скопје, односно ~9L/100km, што е одлично за зимно време. Потрошувачката на бензин нормално е покачена, не возам на бензин, туку си чекам во место додека се префрли на плин. Околу 5 литри бензин потрошени во овие 480km.
Да бе, мојата кола повеќе загадува што работи 3 минути во место на бензин, наместо сите извозени и предувани дизелаши со извадени катализатори. Глупости трескаш.
И тој што се грее не прегорено масло вика исто како тебе: Да бе, моево ќумбе за 2-3 литра масло загадува, а тие што се греат не гуми....
Се додека ги поставуваме вака тезите можам да кажам дека си го добиваме тоа што си го заслужуваме.
Се додека ги гледаме другите што преват, а не си се погледнуваме самите себе си, таков ќе ни биде и воздухот и околината и паркот и езерото....