Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 571210 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #645 на: 27 Декември 2013, 20:37:28 pm »
Да беа куќите и зградите прописно изолирани и со PVC квалитетни прозорци и врати мислам дека загадувањето ќе беше 3-4 пати пониско.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #646 на: 27 Декември 2013, 21:20:12 pm »
Нема везе, се гори се и сешто. Има доста што горат пилевина, барем во комшии имам што горат пилевина.
Второ, се горат сурови дрва кои чадат ненормално.
Трето, се горат и секакви видови на дрва, иверици, даски, шперплочи.

Да се горат само дрва и тоа суви дрва, убаво ке согорат во ќумбето.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #647 на: 27 Декември 2013, 21:37:01 pm »
добри дрва, и добри да се печките не ова лимовиве од 8000, 10 000 денари

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #648 на: 27 Декември 2013, 21:41:56 pm »
Луѓе, притиска сиромаштија и се гори се од гуми, текстил, гранки, моторно масло зејтини.
Од таму иде загадувањето.
И секако кој смее некому да му забрани на што ќе се грее.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #649 на: 27 Декември 2013, 21:52:20 pm »
Јас смеам и било кој од форумот смее, што ние сме должни да дишеме ѓубре и да се разболуваме? Деца да се разболуваат? До кога?

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #650 на: 27 Декември 2013, 21:53:37 pm »
Извини но јас ги бранам оние што немаат и штедат.
Дојдено е време на немаштија и се снаоѓаат како знаат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #651 на: 27 Декември 2013, 21:56:00 pm »
Поентата со изолацијата ми беше дека ако се изолирани објектите:

1. Оние на дрва ќе трошат помалку од половина дрва.
2. Оние на топлани ќе трошат помалку од пола од сега.
3. Оние на струја ќе трошат помалку од пола од сега = помалку ќе работат електраните.

Win, win, win, win, win ситуација.

Извини но јас ги бранам оние што немаат и штедат.
Дојдено е време на немаштија и се снаоѓаат како знаат.
Тоа е најстрашно.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #652 на: 27 Декември 2013, 22:08:41 pm »
Да не знае некој какви наменски кредити нудат банките за подобрување на енергетската ефикасност.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #653 на: 27 Декември 2013, 22:10:21 pm »
Извини но јас ги бранам оние што немаат и штедат.
Дојдено е време на немаштија и се снаоѓаат како знаат.
знаеш што ако немаш пари нема да возиш а не да се возат дизел кршови од 90ти што испуштаат честици. Тоа што е немаштија незначи дека треба да ме трујат мене и моите најблиски а понатаму и сите во градов. Мене тоа не ме интересира кој и како ќе најде решение, решение МОРА да се најде затоа што ова е неиздржливо

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #654 на: 27 Декември 2013, 22:17:22 pm »
Ако не сакаш да дишеш загаден воздух има приградски населби, прекрасни планини и живеј си таму. Слабиот стандард си го кажува своето.
Не може никој да му го одземе правото на некои да живее во топол дом. А бидејќи платите се мали и нема можност да се купи понова кола затоа ќе си возиме дизели од 1990-тите и ќе ги одржуваме и ќе ги полниме со она што може да согори во нив.
А тој што има пари и градот му е загаден нека си оди во природа на чист воздух.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #655 на: 27 Декември 2013, 22:32:33 pm »
Ако нема пари нек продае ова тука и ко што си кажа нека живее во приградска населба или подалеку, се знае во град низ светот како се греат луѓето. Сепак ова не е 19ти век

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #656 на: 27 Декември 2013, 22:50:28 pm »
Епа не е 19 век, али во 21 век некој мизерува со 6000 денари. Неможе така да гледате на работите, ова е 21 век, треба да се возат коли не постари од 5 години, треба на струја да се грееме или слично.
Ако на некого му паднало јајцето во медот, немора да ги осудува лугето кои не им паднало јајцето во мед, туку во гомна.
Секој сака да има, секој сака да вози нова кола, секој сака во зима да му биде топло, ама колку ти е чергата долга, толку ке си пружиш и неможе на некој сиромав да му кажеш еј ти, ова е 21 век, или сели се, утепај се, или ке се грееш на струја оти воздухов е загаден.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #657 на: 27 Декември 2013, 22:58:32 pm »
Во колку соби живеете и колку е топло во останатите соби?
Не верувам дека е исто. Во становите во Карпош кои се греат централно е подеднакво топло во сите соби, плус не морам да се стискам за време на серка оти ми е ладно - и вецеата се еднакво топли.
Од око, околу 24 степени константна температура од 5 наутро до 10 навечер.

пази да не е стварно 24 степени... на 24 не си ни по кратки ракави... по рамбовка се шеташ низ дома и на гаки...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #658 на: 27 Декември 2013, 22:59:55 pm »
Јас со 23 веќе умирам по дома од жешко...идеално ми е околу 21
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #659 на: 27 Декември 2013, 23:01:37 pm »
јас сум по гаки низ дома... така сакам... цел стан ми е ппрегреан... сакам бе да ми се луфтира се од над коленици до кукови. ;D

и плаќам 2 до 3 пати помалку одошто на топлификација што би и плаќал... еве ја сметката за струја денес стигнала. 3800 денари, стан од 60+квадрати... а летно време имам од 2200 до 2500 просек за струја. а сега видете си... секако, голем удел има и тоа што имам одлична изолација.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време