Стандард?
Во Ѓорче го нема, туку во Аеродром само?
За загадувањето
со ПМ10 е виновно греењето на дрва. Фабрики и коли има преку целата година, не само кога ќе залади времето.
Да беа фабриките - ќе беше загадено најмногу каде што има фабрики. Но тоа не е случај. Загадено е каде што луѓе се греат на дрва, а тоа (благодарение на мизерниот животен стандард и неможноста да се плати струја/парно) е речиси секаде каде што е погусто населението. Само во градски ѕид кај мене можам да ти набројам еден куп домаќинства кои палат камин за да заштедат на сметки за струја, откако се откажале од парно!
Во Тетово не знам дека има некоја фабрика што испушта ПМ10, па ете се гуши во чад. Луѓето се греат на дрва.
Глеј каде е најзагадено: каде што 1. е котлина и 2. населението е многу густо.
Се додека не ни рипне стандардот и да можеме да си платиме сметки за струја/парно и се додека не се гасифицираме 100% - ќе го има ова. Старите дизели и фабриките само надодаваат на проблемот, никако не се ексклузивно одговорни за истиот. Ексклузивно одговорно е греењето на дрва.
А дека може да се реши - може:
http://law.nus.edu.sg/apcel/publications/pub/kohkhenglian/Singapore_Clean_Air.pdfПатем, пролетоска кога бев во Виена се запрепастив кога ноќе, во милионски град и миљарда коли, ноќното небо е опсипано со ѕвезди како да си на село. Значи, може, само треба пари и стандард. Тоа ние немаме за жал. Затоа, во 21. век, ќе се грееме на дрфца и ќе кашламе рак и бронхитис. Јбг.