Некако чудно ми се испоповрзаа работите. За квалитетот на воздух во Скопје ова не е ништо ново. Поготово паметам пред неколку години кога магла не се крена 2 недели, па родителите не носеа надвор од СКопје да видиме како изгледа небо. Сме виделе и црвено небо и жолто небо благодарејќи на Железара, сме го дишеле Годел...
Но:
1. Се дозволи увоз на крш со Еуро 0 од ЕУ. Ефтини коли кои и оној кој нема ќе си дозволи. Пари од акцизи, регистрации... итн.
2. Се обнови јавниот сообраќај. Украински, кинески автобуси, инвестицијата е голема. Има реклами и кампања за ЈСП (никогаш во живот досега не сум видел такво нешто)
3. Цената на горивото достигна плафон. И оној кој немал, а го дал парите за старо возило, сега треба да двои од 1/4 бурек за да може гориво да стави. Другите не се откажуваат ни под разно од 1/4 бурек па му се зголемуваат трошоците.
4. Такси услугите поскапеа.
5. Се ставаат мерачи на квалитет на воздух и се актуелизира загаденоста оној момент кога воздухот од секогаш бил најзагаден.
Све ме влече дека ќе се воведе некоја рестрикција само со цел да се користи јавниот сообраќај. Да се исплати инвестицијата побрзо.
Не велам не, АСАЛЕН јавен сообраќај е она што му треба на градов, ама и АСАЛЕН возен ред. Не да чекаш автобис 20мин. па да дојдат 3 одеднаш да незнаеш во кој да се качиш.
И на крај, откако секое паркче го направија деловен центар и откако секое плоштадче го претопија во бронза сега има тендери за нови паркчиња. Да се врти паричка, да се претура од шупливо во празно.
Ова е мое размислување, немора никој да се сложи со истото