Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 741925 пати)

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 644
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4200 на: 06 Мај 2019, 23:15:50 pm »
Euro 4 стандардот е на сила од 2005-та година па наваму. Секое возило произведено после 2005-та година кое е продадено во Европа би требало да го исполнува стандардот.

Забраната за влез на возила со дизел мотор произведени пред 2005-та (колку што прочитав, таква е забраната, што многу поспецифично и поточно од „возила постари од 15 години“) е најлесен начин да се забранат стари и прљави возила - иако можеби има и возила произведени во 2002-2003-2004-та година кои ги исполнуваат стандардите. Тие се - јебига - колатерална штета.
пази сега, не е само катализаторот... еве има и систем за испарливи емисии на горивото, канистер и вентил повржан со ЦПУ... еве на кршот од 1996 имам таков систем

The evaporative emission fuel vapor management system comprises a carbon canister and a purge valve. A combination of plastic and rubber pipes connect the carbon canister to the fuel tank and the purge valve and to the inlet manifold. When the purge valve is closed, the fuel tank is vented into the carbon canister which absorbs the fuel vapor and prevents release of hydro-carbons into the atmosphere. When the purge valve is activated, the carbon canister is exposed to inlet manifold vacuum and the fuel vapor deposits are drawn into the inlet manifold where they mix with the incoming air/fuel charge.

The evaporative emission fuel vapor management system is controlled by the powertrain control module according to calibrated data tables.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3867
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4201 на: 07 Мај 2019, 10:02:13 am »
Бунарџик од Мети е отруен уште смог му фали
Многу си грешка, тие долу се трујат од Мети, надоле бега целата гадотија, мислам дека најмногу од Мети го јадат Мралино, Петровец.
Правам споредба со Автокоманда, ги гледам дрвцата, немаат прашинка на нив, многу се поразвиени отколку во Автокоманда што имаме засадено исти, воздухот е каде каде почист, не се ни споредува дури и уште мал милион ситници  кои докажуваат дека стварно е чисто.

Присутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4202 на: 16 Јули 2019, 23:59:24 pm »
Еколошката категоризација на возилата нема да биде задолжителна

Еколошката категоризација на возилата нема да биде задолжителна, туку факултативна, но некатегоризираните возила нема да смеат да се управуваат во забранетите зони за движење на возила што ќе ги прогласат локалните власти во услови на зголемено загадување на воздухот и доколку ги исполнуваат условите за добивење зелена еколошка налепница. Во деновите кога има забрана ќе можат да се возат само возилата со зелена маркичка.

Ова е резултат на денешната амандманска расправа на матичната собраниска Комисија за економски прашања за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила во второ читање на која беа прифатени четири од поднесените 13 амандмани.

Зелена еколошка налепница ќе можат да добијат возилата што го исполнуваат стандардот ЕУРО 5 и повеќе, но и возила со ЕУРО 4 и ЕУРО 3 стандард во кои е вграден плински или метанов уред, како и хибридните и електричните возила. Од категоризацијата се изземаат возилата на војската, полицијата, пожарната и брзата помош, како и возила во кои се возат лица со попреченост. Тие ќе можат да се движат и во зоните каде има забрана за движење поради загаденост на воздухот. Трошокот за еколошката налепница ќе биде на товар на граѓаните, а за издавање на погрешна еколошка маркичка предвидена е глоба од 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице во техничката служба.

Во законското решение се предвидени 170 милиони денари за субвенционирање на вградување на плински и метанов уред во возилата со ЕУРО 4 стандард и помалку, како и за купување на ново возило по системот старо за ново. Првично овие средства беа предвидени за субвенционирање на набавка на нови хибридни и електрични возила, но со амандманите е преиначено решението. Сепак, оние што ќе купуваат хибридни и електрични возила ќе можат да користат субвенции од програмата старо за ново возило.

Имплементацијата на законското решение ќе стартува 12 месеци по стапувањето на законот на сила со цел да се усогласи со останатите закони, а во првите три години од спроведувањето на законот ќе им се овозможи на сопствениците на возила со ЕУРО 4 стандард да добијат зелена еколошка налепница доколку побараат.

На седницата на Комисијата беа прифатени само амандманите поднесени од пратеници од владејачкото монзинство, а не беа прифатени девет амандмани поднесени од пратеници од опозицијата со кои се бараше воопшто да нема категоризација на возилата со еколошки налепници. За опозицијата  донесените измени се популистички и со нив воопшто нема да се реши загадувањето на воздухот, туку ќе се казнат најсиромашните граѓани кои имаат возила со пониска категоризација и ќе се ограничи нивното движење. Наместо тоа, предлагаат државата прво да спроведе мерки за намалување на загадувањето како што е субвенционирање за вградување плински и метанов уред, па потоа да ги категоризира возилата.

Дека нема да се реши загадувањето со новиот закон за возила се согласи и заменик-министерот за економија Кире Наумов, но тој потенцира дека во секој случај категоризацијата на возилата ќе придонесе за намалување на загадувањето.

Извор МИА



Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4203 на: 17 Јули 2019, 00:06:09 am »
Сосема ОК е мерката за субвенционирање на плински уреди, само да видиме со колку %.

Него со палењево на све и свашта у ќумбињава шчо праиме?

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4204 на: 17 Јули 2019, 07:29:38 am »
Остај ќумбињата, туку кога ќе ги пуштат субвенциите за плинот, за пријател прашувам треба плин да става?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4205 на: 17 Јули 2019, 09:10:19 am »

Имплементацијата на законското решение ќе стартува 12 месеци по стапувањето на законот на сила со цел да се усогласи со останатите закони.

Sent from my iPhone using Tapatalk
@Power to the people Можеби тука се крие одговорот на твоето прашање, треба да ги видам завршните одредби во законот, можеби одредбите за субвенции ќе важат со стапување на сила на законот.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9181
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4206 на: 06 Септември 2019, 18:50:49 pm »
Од ќумбињата и дизелите:



Извесен период е вака, од кога заладе :P

Цитат
Меѓутоа, токму графиконите кои покажуваат каков бил квалитетот на воздухот во реонот на Карпош од 29 август до 3 септември укажуваат на тоа дека во ноќните часови, помеѓу 20 и 24 часот енормно се зголемувале вредностите над дозволените 50 мг/м3. Така, на 29 август во 21 часот во Карпош беа измерени рекордни 142 мг на кубен метар, на 30 август во 22 часот биле измерени 116, на 31ви – 86,3, а на 2 септември 130,92 мг на кубен метар ПМ 10 честички.

Речиси идентична била состојбата и со присуството на ПМ 2,5 честичките во воздухот во Карпош, при што на 29 август во 20 часот биле измерени 135, 4 мг/м3, на 30 во 22 часот – 101 мг,м3, а на 2 септември во 20 часот – 135 мг/м3.

„Пиковите во Карпош се стандардна појава во ова време секоја година. Се гушиме во ужасен токсичен и канцероген чад и во лето, а потоа во зима проблемот само се маскира и се зборува само за греењето од домаќинствата, а всушност постои целата година. Од Сарај, од Ѓорче, покрај Вардар, кај мостот Газела, кај Лепенец, безбројни локации каде постојано се пали и чади преку цела година, не само сега кога се палат и стрништата. Овие локации и понатаму се хронични жаришта на кои недозволено се пали – , вели Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4207 на: 06 Септември 2019, 19:02:08 pm »
Цел град смрди на чад.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9181
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4208 на: 06 Септември 2019, 19:03:21 pm »
Сезона на ајвари? :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10597
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4209 на: 06 Септември 2019, 19:06:26 pm »
Скопска црна гора е во пламен.
Задимено е како 5 железари да работат.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9181
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4210 на: 06 Септември 2019, 19:18:43 pm »
Загрме малку пред 1 сат, се понадевав дека ќе заврни ќе подизгасни некој пожар, ама...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4211 на: 06 Септември 2019, 19:41:38 pm »
Летаат изгорени партали кај мене у маало. Падна едно поголемо парче, се гледа дека е изгорен лист. Само на СЦГ има пожар или и на друго место?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10597
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4212 на: 06 Септември 2019, 20:16:25 pm »
Летаат изгорени партали кај мене у маало. Падна едно поголемо парче, се гледа дека е изгорен лист. Само на СЦГ има пожар или и на друго место?
Јак е пожарот.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4213 на: 06 Септември 2019, 21:03:45 pm »
Високатниците се она?
Да не слават нова година? ;D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4214 на: 06 Септември 2019, 21:23:10 pm »
Кој еуро е пожаров