Во Битола може да направат се, ама нема кој да пресече и да одвои пари за проект. Уште користат руска арматура (вентили) и се крстат во нив како најдобри, бараат да ги заменат со исти такви, која ти е таа модернизација ебаве глупите, со години нема квалитетен јаглен, абер немаат да направат проект за промена на погонско гориво за котлите, 225MW жмк, еднаш ги достигнале тие и се маваат у гради, едвај произведуваат 170-80MW. Најновата вест е дека договор со Украина е „склучен“, за увоз на јаглен. Сите разбираме дека јагленот е најпогодно гориво за производство на електрична енергија на термоелектрани од стар тип, ама мајку му стара, мора некогаш нешто да се менува. Една ЕНЕРГЕТИКА во Скопје, попозната како железарско парно, со години наназад од мазут се префрли на гас, и пациентиве ден денес кога ќе го видат првиот оџак да чури, леле леле види колку загадуваат, тоа пола испарување, пола издувни гасови...