Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 745114 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3705 на: 11 Ноември 2018, 16:23:56 pm »
Сепак да се соочиме со реалноста дека очајно ни треба регулирање на EURO 0 1 2 возила. А пожелно и на EURO 3 и 4.

За да се насочува просечниот купец за повеќе да му се исплаќа нова еколошка кола да поседува, наспрема увозни кршеви.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3706 на: 11 Ноември 2018, 16:44:02 pm »
Со кои пари господине? Мислиш тој шо вози пезетка не сака ли нова кола макар и ајго, шо мислиш ти кај живееш? Речи фала богу тато шо ми оставил некоја пара затоа што според моабетиве ко што гледам не ќе да имаш нешто свое спечалено во животот.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3707 на: 11 Ноември 2018, 16:44:54 pm »
Сепак да се соочиме со реалноста дека очајно ни треба регулирање на EURO 0 1 2 возила. А пожелно и на EURO 3 и 4.

За да се насочува просечниот купец за повеќе да му се исплаќа нова еколошка кола да поседува, наспрема увозни кршеви.

Реалноста е таа дека ова што го кажуваш смешно звучи кога ќе се стави во контекст со решавање на загадување кое 95 и повеќе проценти е од ќумбиња и од погони и цигани кои палат ѓубре, гуми и акумулатори во сред ебан град. Нели ти самиот покажа податоци од мерења кои недвојбено и јасно покажуваат дека едно ќумбе загадува повеќе од 1000 стари автомобили?

На страна што ретардирано е да оправдуваш мерки со кои на просечниот купец повеќе ќе му се исплаќа да поседува нова еколошка кола ЗАРАДИ ДАНОЦИ И ДАВАЧКИ. И тоа во средина каде воздухот е веќе неверојатно загаден од ќумбиња и палење гуми/акумулатори.
Наместо да се воведе гасификација за секој дом, да се понуди градско централно греење, и тогаш да се забрани горење на дрва. За апсење и праќање на робија на тие што палат гуми/акумулатори, за тоа ич не треба да зборуваме - тоа требаше одамна да се спречи. И потоа треба да се подобри животниот стандард, и после да видиш како ќе купуваме еколошки коли - абе пофини од Финците ќе бидеме.
Ова сега што се случува е само демагогија и продавање на муда за бубрези на народ кој премногу трпи се и сешто од секакви будали.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3708 на: 11 Ноември 2018, 16:48:55 pm »
Па кога ќе се воведе гасификацијата и ќе се донесе инсталација до секоја куќа, тогаш дрндај за забранување на дрвата за загревање.
Прошетај малку, луѓе уште немаат фасади по куќите и имаат прозори стари по 50 години, пола примања му одат по кредити затоа што секоја година по 1 соба може да изреновира, деца школуваат, али он бате се запнал инвертери инвертери, божем 100 евра се, па еве сега ќе одат тие 300 000 домаќинства одма да купат по 1 инвертер.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3709 на: 11 Ноември 2018, 16:53:21 pm »
Со кои пари господине? Мислиш тој шо вози пезетка не сака ли нова кола макар и ајго, шо мислиш ти кај живееш? Речи фала богу тато шо ми оставил некоја пара затоа што според моабетиве ко што гледам не ќе да имаш нешто свое спечалено во животот.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Веќе во сообраќај скоро и да нема пезетки и стари кршеви. Тие ги испозаменија со Голф 4ки, Алфа 147-ци, е46 320д итн.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3710 на: 11 Ноември 2018, 16:54:19 pm »
Загаденост и просечна температура во Скопје.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Логично, кога е топло сите идат пешки и нема загадување....

Него субвенции за клими мора да има, но мора да се води сметка и за соц. загрозените семејства. Тие не може да си дозволат ни клима, ни дрва и се греат на што стигнат. Субвенции од 30% нема да им завршат работа.
Баш вчера гледам у комшии чури ли чури тоа оџакот, смрди корне цела улица, ама што да им правиш...

А субвенции за ел.возила исто како и субвенција за ел.тротинет, сигурно нема да ги купи некој кој сега има возило "со црвена налепница" него ќе ги купи тој што има пари и што размислува за екологијата,ама тоа не е примарната таргет група кај нас, треба да се допре до оние хард кор Мерцедеси C220 CDI што им чури како на ФАМ од '73та.

Кога цел свет се движи кон забрана на возила што загадуваат логично е и ние да го следиме трендот, АМА дај прво да ги решиме главните ни проблеми:
1. Греењето на се и сешто
2. Фабриките околу и во градовите

Може ЕЛЕМ да прави (за малце) парк у Ново Лисиче од 50 мил еур, ама не може да направи систем за транспорт на пепел и десулфуризација во РЕК Битола ! А слично е и со другите.

А греењето со дрва си бара сериозна анализа и сериозен пристап кон решавање, од ранливи категории, па местоположба, па субвенционирање и на крај санкционирање.... Само тешко некој паметен да дојде на право место во право време... Секоја чест на исклучоци како Мила и сличните на неа.
« Последно менување: 11 Ноември 2018, 17:10:11 pm AUUU »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3711 на: 11 Ноември 2018, 16:58:29 pm »
Па кога ќе се воведе гасификацијата и ќе се донесе инсталација до секоја куќа, тогаш дрндај за забранување на дрвата за загревање.
Прошетај малку, луѓе уште немаат фасади по куќите и имаат прозори стари по 50 години, пола примања му одат по кредити затоа што секоја година по 1 соба може да изреновира, деца школуваат, али он бате се запнал инвертери инвертери, божем 100 евра се, па еве сега ќе одат тие 300 000 домаќинства одма да купат по 1 инвертер.
Ама истиот истовремено во џеб бапнал Ајфон или барем некој Самсунг? А за клима се нема пари?
Дај не мешај баби и жаби, ако имаш 15К да купиш ќумбе тогаш ќе најдеш и 20 до 30К за да купиш клима за наместо да плаќаш 40-50К за дрва по сезона, да заштедиш повеќе од дупло по сезона и да плаќаш 10-20К за сметки за потрошувачка на струја од климите.

Многу лоши аргументи даваш.

И ако веќе се даваат субвенции за поскапите печки на пелети кои неподесени загадуваат како мамојебачи, а такви неподесени се 99.99% од печките овде... И ако се даваат субвенции за автомобили кои се минорен дел од екстремното загадување овде... Епа тогаш не гледам зошто да не се даваат субвенции за нешто што многу повеќе ќе помогне да се намали загадувањето: КЛИМИ ЗА ГРЕЕЊЕ.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3712 на: 11 Ноември 2018, 17:03:22 pm »
Реалноста е дека светот се движи кон возила што не загадуваат само поради тоа што никој не може на кинезите да им рече да прекинат да загадуваат. Никаде не е до колите.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3713 на: 11 Ноември 2018, 17:05:04 pm »
Реалноста е дека светот се движи кон возила што не загадуваат само поради тоа што никој не може на кинезите да им рече да прекинат да загадуваат. Никаде не е до колите.

Трамп ќе им рече да престанат да загадуваат.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3714 на: 11 Ноември 2018, 17:06:48 pm »
Ама истиот истовремено во џеб бапнал Ајфон или барем некој Самсунг? А за клима се нема пари?
Дај не мешај баби и жаби, ако имаш 15К да купиш ќумбе тогаш ќе најдеш и 20 до 30К за да купиш клима за наместо да плаќаш 40-50К за дрва по сезона, да заштедиш повеќе од дупло по сезона и да плаќаш 10-20К за сметки за потрошувачка на струја од климите.

Многу лоши аргументи даваш.

И ако веќе се даваат субвенции за поскапите печки на пелети кои неподесени загадуваат како мамојебачи, а такви неподесени се 99.99% од печките овде... И ако се даваат субвенции за автомобили кои се минорен дел од екстремното загадување овде... Епа тогаш не гледам зошто да не се даваат субвенции за нешто што многу повеќе ќе помогне да се намали загадувањето: КЛИМИ ЗА ГРЕЕЊЕ.

Од каде знаеш дека сум го купил кумбето 15к ? Од кај знаеш дали имам ајфон или самсунг с9 ?
Еве тргни си од себе. Возиш голф 3 дизел од 96та година, значи добиваш црвена налепница. Пошто си екологиста и борец за чист воздух, тргни од себе и ајде фрли го во отпад, земи субвенцијата и купи еко 6 кола.
Или се немаат пари а ?
Ниту ти ке купиш кола, ниту може просечно семејство преку ноќ да направи да се грее еколошки и да му биде удобно и ефтино пошто чини пари.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3715 на: 11 Ноември 2018, 17:10:16 pm »
Климатските промени никој не ги спомнува?

Средно школо бев и се префрлував од стара железничка по Маршал Тито до Рекорд, за да фатам друг автобус.

Ретко кога не дуваше ветер, под кожа влегуваше.

Немојте само да ми кажете  дека не дува заради згради и сл.

Во ова време веќе втор снег имаше паднато.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3716 на: 11 Ноември 2018, 17:13:26 pm »
Вчера во Ѓорче се запали клима на семејство кое се грее на клима. Пожарникари им ја спасија куќата и останатите лепенки до нив.
Решението е гасификација, да се истребат возилата и автобусите што трујат, да се намали градежната мафија, да се сади што е можно повеќе зеленило и најважното од се да се освести народот дека е крив што живееме во вакви услови. Нема сантим квадратен да нема ѓубре на улица. Срамота.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3717 на: 11 Ноември 2018, 17:16:16 pm »
На бензин да не работела климата, па се запалила?

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3718 на: 11 Ноември 2018, 17:16:38 pm »
Бркање на сељаците од Скопје, парното да не смее да се исклучи, секој што има достап до парно да се грее на него и крај. Ако сака да се грее на дрва тогаш назад у село. Таман и сообраќајот ќе се растерети.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3719 на: 11 Ноември 2018, 17:19:35 pm »
Вчера во Ѓорче се запали клима на семејство кое се грее на клима. Пожарникари им ја спасија куќата и останатите лепенки до нив.
Решението е гасификација, да се истребат возилата и автобусите што трујат, да се намали градежната мафија, да се сади што е можно повеќе зеленило и најважното од се да се освести народот дека е крив што живееме во вакви услови. Нема сантим квадратен да нема ѓубре на улица. Срамота.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk



Што кога ќе се разнесе гасот? Истиов муабет само за друга ствар ќе се пише?