Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 745239 пати)

Отсутен mambo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3690 на: 11 Ноември 2018, 09:32:51 am »
и сиот сообраќај да запре, загадувањето ќе се намали за само  5-7%.  не ми е јасно како вака со забрана за возење автомобили ќе го исчистат воздухот????

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3691 на: 11 Ноември 2018, 09:40:42 am »
Ќе има малку ефект ако се блокираат колите со црвени налепници. Колку толку.

Секако дека дрвото и отпадот се главно загадување, ама корисно е и да се решаваат и тие со црвена налепница. Па и со жолта кога е бајаги загадено.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3692 на: 11 Ноември 2018, 09:51:47 am »
На многу луѓе не им се јасни различни работи тука, мене следнава. Немаат ли совест, осет, чувство спрема себеси најпрво и своите поколенија оние кои што ја уништуваат природата секојдневно. Газдите на фирмите кои што работат не легално и трујат се околу нив, нелегалното сечење на дрва, фрлање ѓубре, копање на камења, градење на секој чекор итн итн дишат од сето тоа. Во Велес конкретно цел еден огромен регион е прекопан заради вадење на камења и оставен така, никој не дојде да казни некого, а треба да поминат можеби над 50год да се возобнови вегетацијата. Парадоксот е што сите тие загадувачи и нивните семејства живеат тука и дишат од тоа. Глупави луѓе, сретнав слика на интернет вика кога ќе се уништи се, секое дрво, вода итн дали тогаш ќе јадеме пари.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3693 на: 11 Ноември 2018, 09:56:19 am »
Немаме совест. Едноставно, немаме. Наједноставен пример за тоа ти е ѓубрето што е расфрлано насекаде. Оди човек пешки низ парк, пие кокаколче, шишето го фрла во трева. Шета по кеј, јаде нешто, хартијата ја фрла покрај патеката. И така... Да не праиме муабет за шут и стар мебел фрлен богу-иза-трегера по планини.

Немаме совест.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3694 на: 11 Ноември 2018, 09:57:23 am »
и сиот сообраќај да запре, загадувањето ќе се намали за само  5-7%.  не ми е јасно како вака со забрана за возење автомобили ќе го исчистат воздухот????
Нема.
Нема да го исчистистат воздухот, но ќе можат поверливо да лажат дека работат нешто за спречување на загадувањето. И нема да ги забранат автомобилите со постари стандарди - се ќе си остане исто, само си ќе наплаќаат нови давачки и даноци за нивните дебели задници седнати длабоко во меките фотељи.

Еве чисто за подсетување како збореа пред да дојдат на власт:
https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/vratete-si-gi-maskite



Според мене во ред е да ги има субвенцииве што ги планираат исто и налепниците, иако не прочитав што ќе биде разликата ако имаш кола со црвена во однос на кола со зелена налепница. Кога има проблем што е создаден од 10 различни работи треба сите 10 истовремено да се решаваат. Затоа добро е и евенуталниот проблем со колите да се решава паралелно со фабриките, греењето на дрва, градежништвото и што и да останува друго како причина за загадување.

Добро е паралелно да се решаваат проблемите?
А каде ти гледаш дека воопшто се решава проблемот со загадување од греење (ќумбиња) и загадувањето фабриките, и од погончињата/циганите што горат гуми и акумулатори (и којзнае што се не)??

Демек сите проблемите ќе се решавале истовремено. Смешки. Муабетов е како да ти гори куќата ама ти наместо да го гасиш пожарот - прво ја кречиш фасадата. Паралелно де, се е исто важно и треба истовремено да се сработи.  :-\


едит: Навистина да ги решаваа проблемите, и тоа првенствено тој најголемиот: ЌУМБИЊАТА И ПОГОНЧИЊАТА/ЦИГАНИТЕ... Тогаш навистина ќе немавме ни образ ни аргументи да се жалиме на екостандарди за автомобилите. Но вака со целосно игнорирање на вистинскиот проблем, а воведување на нови и нови давачки за обичните луѓе - епа никој не може клептокративе да ги одбрани од фактите и вистината дека се лажливи крадци и копилиња кои ништо добро не направија ниту имаат некаква намера да направат нешто корисно за нивните гласачи (и за граѓаните на државата).
« Последно менување: 11 Ноември 2018, 10:03:47 am Van »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3695 на: 11 Ноември 2018, 10:26:15 am »
Нели преселија 90 души од кале во живеашни контејнери прошла недела?

Или што беше некое статииче прочитав.

Контејнерчиња за живеење да им наместат МАКАР НА ИСТОТО МЕСТО колку да не мрзнат ноќно време е океј потег. Ќе ги руинираат, ама за 30-50к еур решаваш роми кои палат за една зима. Тоа е трошок за државата/градот/општините ама не е голем. Кога живеат надвор треба милион пати повеќе горење за да се згреат. Во контејнерче со изолација со се греењето се прави со еден промил од претходно изгорена материја.


Маме ни плакаа на 1.000.000 души за да се згреат 1000 со отпад.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3696 на: 11 Ноември 2018, 10:30:45 am »
https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/ekoloshki-nalepnitsi-za-vozilata-tsrvenata-zholtata-ogranicheno-dvizhene-vo-zagadenite-denovi/
амин, ќе се спасиме од тоа кршовите па макар и само кога е загадено, мада ја би ги носел во отпад, обештетување по 300е на секој, толку и вредат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3697 на: 11 Ноември 2018, 10:33:17 am »
Ако се почне со ова да се тргаат тие со црвени налепници ќе се молиме што почесто да е загадено! :) :) :) Рај ќе е Скопје!
https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/ekoloshki-nalepnitsi-za-vozilata-tsrvenata-zholtata-ogranicheno-dvizhene-vo-zagadenite-denovi/
амин, ќе се спасиме од тоа кршовите па макар и само кога е загадено, мада ја би ги носел во отпад, обештетување по 300е на секој, толку и вредат.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3698 на: 11 Ноември 2018, 10:36:25 am »
Дека, го продаде ли цитроенот?

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3699 на: 11 Ноември 2018, 10:43:37 am »
ЕУ4 бензинец загадува помалку од ЕУ6 дизел. Дизелот ќе има зелена налепница, а бензинецот жолта....

Генијалци....  :-\ :-\
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3700 на: 11 Ноември 2018, 10:44:23 am »
Дека, го продаде ли цитроенот?

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Па ги потрошив екстра парите што ги имав тогаш и го повлеков, сега пак присобрав нешто па пак е на продажба :)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2309
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3701 на: 11 Ноември 2018, 10:58:37 am »
А само за возилата ли ќе има црвени и жолти лепенки или и за домакинствата кои се греат на дрва/ќумур,гуми и пластични шишиња?
Ова со загадувањето е актуелно само и само кога ќе почне грејната сезона,а возилата се возат преку цела година и не гледам загадување  на воздухот пред и после грејната сезона.

Според мене одлука за замачкување на очите и удирање по џебот на обичниот смртник и проблемот ќе си остане или ќе се реши занемарливо малку.

Дно-дна држава,дно-дна одлуки........

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3702 на: 11 Ноември 2018, 11:11:38 am »
@Van

Не кажав дека паралелно ги решаваат сите проблеми, туку дека добро е да се решаваат сите паралелно. Има разлика.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3703 на: 11 Ноември 2018, 11:11:55 am »
Загаденост и просечна температура во Скопје.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3704 на: 11 Ноември 2018, 16:08:13 pm »
@Van
Не кажав дека паралелно ги решаваат сите проблеми, туку дека добро е да се решаваат сите паралелно. Има разлика.

Го игнорираш фактот дека воопшто не ги решаваат проблемите. Најголемите загадувачи - ќумбињата и погоните/циганите, нив целосно ги игнорираат и ништо не прават за тоа. Нас обичните луѓе - не прават будали и ни наметнуваат нови давачки и заебанции во град во кој без плам секојдневно без никаков план се доселуваат се повеќе и повеќе луѓе. Проблемот со загадувањето никако не го решаваат, нема ни сега со овие „мерки“ да го решат - и повеќето (па и овде на форумов) ќе се прават како ништо да не се случува.

Како да кажеш, како да завртиш, не можеш да ги оправдаш дека го решаваат проблемот со загадувањето. Јес да си адвокат, ама овие ни ти не можеш да ги извадиш за гомнариите и фарсите кои ги прават.  :-X