Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 744479 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3645 на: 06 Ноември 2018, 20:27:31 pm »
abe sega... zmija da te apne ali magare... sekako si osteten

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3646 на: 06 Ноември 2018, 20:55:14 pm »
taka e. Samo shto sekoj den 10 dusi ne dupat cel grad. Ama bitno imeto...
A 5 dusi sto ja drzea ilindenska zatvorena 5 meseci so satori i igraa servis na sred ulica i mocaa po vlezovite od okolnite zgradi bitno rezimot.

Тоа е тоа, лесно и бргу се забораваат работите.
Туку ај сега уште подетална дискусија за тоа кој крив е покрив, и чии гомна помалку смрдат. Пошто баш на тоа рачунаат клептократите. За нив се е супер се додека си ги вадиме очите и се додека на крај пак гласаме за една од нивните две страни.


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3648 на: 08 Ноември 2018, 08:59:05 am »
van to velam, ne mi e gajle koj za shto strajkova, sekako kje go jadime. Toa 96-ta v parlament koga vlegoja i ne napravija nisto trebase da im stane jasno deka ne treba da se strajkova

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3649 на: 08 Ноември 2018, 14:11:34 pm »

9:58

Јаооо мајко мила ...


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3651 на: 08 Ноември 2018, 20:19:16 pm »
Од такт ме вади што секоја власт не јебе у здрав мозок! Ќе ограничувале возила, ќе лепеле лепенки, ќе покачеле гориво, ќе покачеле паркинг...

ПА ДА ВИ ЕВЕМ ТОА ДЕБИЛИТЕ, па Скопје смрди секоја вечер кога ќе залади и ќе се запалат тоа ќумбињата од 1903та, абе со сила глупи се прават, ја стварно не можам да разберам... Еден у последниве 20 години да се најдеше да каже у тоа и тоа е проблемот дај да почнеме да го решаваме... Не бре брате ќе вртат као киша око Крагујевца околу реалниот проблем, ќе измишљаат, само нема да го решат проблемот...

Денес прекрасен ден, се до 18.00, после тоа ебана кола нема низ град а смрди корне на дрва и остали ѓубриња што ги ложат...


Едит: На видеово прв пат го гледам Макрадули да каже нешто паметно!

Не ми смета зголеми ја акцизата на дизелот ама парите намени ги за замена на печките со клими. И тоа не само у Скопје,  него во цела држава, пошто и јас у Скопје и Мартин у Гостовар плаќаме иста акциза. Ама сите сакаат да лапаат парички и да кажуваат приказни, затоа Албанија, Бугарија и сите други ќе идат напред а ние ќе се тешиме дека сме најпаметни ама не не сакаат.
« Последно менување: 08 Ноември 2018, 20:43:28 pm AUUU »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3652 на: 08 Ноември 2018, 20:38:07 pm »
Гласачко тело ќе изгуби тој што ќе спомне против дрвцето.

Црно му се пишува на следни избори.

Затоа ќе си смрди и ќе се труеме.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 921
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3653 на: 08 Ноември 2018, 20:41:28 pm »
https://tv21.tv/mk/nova-merka-kupi-novo-vozilo-i-dobij-subventsii-od-ministerstvoto-za-ekonomija/

Цитат
На последната седница на Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за економија усвоени се измени за дополнување на законот за возила, дознава ТВ 21.

Со овие измени се предвидува:

1 новитет: Воведување на налепници за секое возило кое учествува во сообраќајот, согласно еколошките стандарди

Зелена боја (I категорија): Возила со европски емисиони стандарди  ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4, на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила. Тие слободно ќе се движат во заштитените еколошки зони дури и при енормно загадување на воздухот во градските средини.

Жолта боја (II категорија): ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или  погон на компримиран земјен гас. Тие ќе има ограничено движење во сообраќајот, во зависност од Одлуките донесени од општините, односно од град Скопје во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста .

Црвена боја (III категорија): Од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.

Целта од воведувањето на еколошката налепница согласно одредбите на Законот за возила е да придонесе во заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во урбаните средини.

2 новитет: Воведување субвенции за купување на возило на електричен погон или хибридно возило.

3 новитет: Воведување субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.

4 новитет: Воведување субвенции за купување на нови возила, со одјава на старо возило. Со ова ќе се зголеми увозот на нови возила во однос на половните, со што значително ќе се забрза обновата на возниот парк.

5 новитет: Претставува одговор на барањето на здруженијата за авто-такси превоз – воведување на жолти таблици за такси возилата, со цел да се постигне ред во такси превозот и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност преку забрана за вршење на нерегистрирана дејност.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3654 на: 08 Ноември 2018, 20:41:38 pm »
За пет години ќе нема дрвце по планините. Таков голосек нема во нашата понова историја.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3655 на: 08 Ноември 2018, 20:41:57 pm »
Денес прекрасен ден, се до 18.00, после тоа ебана кола нема низ град а смрди корне на дрва и остали ѓубриња што ги ложат...

Што, ти зарем не знаеш дека ние со дизелите за инает во 6 попладне ги оставаме аутата во место да работат до следното утро?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3656 на: 08 Ноември 2018, 20:48:15 pm »
Ама стварно не ми пречи да ме кошта 50-100 евра годишно поскапо гориво ама за возврат моето дете да дише чист воздух, а не детето на овој или оној функционер да пие Моет у Монако.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3657 на: 08 Ноември 2018, 20:55:28 pm »
А фактот што некогаш и во летно постои време енормно загадување? Скопје е село од епски размери. Значи кога се прави модерен град треба многу планирање, сега веќе е касно. Касно беше и пред 20 години. Буквлано ништо нема да го спаси загадувањето, тоа е реалноста.

Сами се лажете себе си мислејќи дека решението е ова или она, кога реалноста е дека Скопје како местоположба и земајќи ја во предвид моментална инфраструктура е одличен рецепт за вакво загадување.

Сите до еден да се греете дома на клима или гас џабе е, пак ќе биде загаден градот. Доволно е да не дува ветер неколку дена, усје и цементара да пуштат по малце од оџаците од тоа отровите и еден циган да запали ѓубре и пак ете ти загадување. Ова со автомобилите или греење на дрва ти е само како бонус.

 

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3658 на: 08 Ноември 2018, 20:58:35 pm »
Мене ми пречи да ме замајаваат со се и сешто, и на крај пак да се труеме од загаден воздух.
- Субвенции за пелети, воздухот е исто загаден.
- Дизелот го поскапеа, воздухот е исто загаден.
- Субвенции за автомобили, воздухот е ќе остане загаден.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3659 на: 08 Ноември 2018, 21:01:14 pm »
Кога во старт би си ја работеле работата институциите а тоа е ригорозни инспекции по сите фабрики, полиција за сите диви депонии, комуналното претпријатие за хигиена и чистота (перење на улиците со цистерни), строга контрола на сите градилишта и работење по пропис тогаш 60% ќе биде намалено загадувањето во зима а тоа е нешто ситно над нормалата и останатите 8 месеци стакло панчево. До тогаш, нека качуваат паркинзи, акцизи, куртони, укинување на трето дете, пиње и јадење по ресторани со миљонски суми на годишно ниво и така. Кумуњарската ера не е лесна ама македончето е јако, ќе ја издржи.