Во производството на пелетите нема никаква хемија.
Суровината(стругот)со ограничена влажност се загрева на одредена температура и под притисок во калапи со одредена димензија се истиснува,без никакви лепаци и хемии.
Печките на пелети се над 90% ефикасни,за разлика од печките на дрва кои се околу 60% ефикасни.
Што се однесува за параметрите не е некоја филозофија за самиот да си ги подесиш,има неколку српски форуми каде детално се објаснети сите параметри,како треба да изгледа пламенот,колку степени треба да бидат издувните гасови и според тоа самиот можеш да си поставиш вртежи на вентилатор,да си го контролираш дозирањето на пелети.
Од оџакот кога печката е во функција нема видлив чад/дим,единствено видлив чад/дим има во текот на палењето,а процесот на палење трае 4-5 мин.и само во последната минута пред да се појави пламен има видлив чад/дим.
Во солинарот после една сезона користење немаше никави саѓи ниту пак оџакот имаше потреба од чистење,за разлика од печките на дрва кои секоја сезона мора да се чисти,а солинарите во текот на сезоната мора да се исчистат.
За тоа дека печките на пелети се поеколошки нема што да се дебатира,а и за тоа дека во печките на дрва се става се и сешто,од гуми,остаток од храна,стара облека па дури и искористената тоалетна хартија.
Пред неколку дена си дојдов од Германија,почист воздух немам дишено во мојот живот.