Не сме ние менталитет на кој треба да му се помага, за некои работи се сложувам со Марјан. Таа идеологија од Титовреме го испусте народот, то ест докажа што народ живее на поднебјево наше насушено. Ако некој сети дека можи да живее на товар на друг, готово е, нема работа од него. Еден куп работоспособни челадиња просат по улици затоа што не му се работи во три смени во индудтриските зони, затоа што со нивното флексибилно време и нивната флексибилна зона на делување си ја вадат дневницата што некој ја вади на линија во три смени...
Имам вујко во Австралија што замина пред многу години. Прилично мрзлив човек и се снајде во Австралија... да живее на товарот на државата, под кирија, државата плаќа, лежи лебу да те јадам, одморен, дотеран, прошетан. Тоа е тој менталитет, а брат му негов, исто во Австралија, се отепа од работење за да постигни нешто за пристоен живот за него и за децата (машала 4 ги има), ни одморен, ни прошетан... па ни дотеран

Тиквар народ сме, мрзлив, забушант, преварант. Ќе ти најдат работа некаде преку партија, ќе ти дадат плата и кога ќе дојди ред да сработиш нешто, кога ќе ти кажат што да работиш тие што веќе 30 години работат во фирмата ти му враќаш:
- Шо? Од партија сум јас, не сум тука за работење... (пример од моето блиско опкружување).
И ќе работиме јас и татка со машињето за да напрајме фасада и џамој да клајме за со инвертер да се грејме, за почист воздух и некоја мрза од горенаведените ќе ми го диши писле воздухот за џабе.
Мојата фамилија е земјоделска. Далеку од богати, ама далеку и од просјаци. Познавам такви кои искрено леб немаат за јадење, ама не се понижаваат тие да поработат аргатлок за 120 денари на час, затоа што под чест им е. Им дувало, им студело после дома...
Некогаш ми е грев, ама некогаш ми е гнев.
Проблемот е што со такви треба да го делиме воздухот, товар на општеството.
Нејсе, муабетот е за воздухот... за сега додека стујата е сеуште евтина, многу добра ствар е инвертер, ама си бара изолација, дограма... ама има ефект секоја чест.