Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 658851 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3030 на: 14 Декември 2017, 13:27:24 pm »


Параметрите на загаденост на воздухот во Скопје изминатата ноќ(14.12.2017), многукратно ја надминаа максимално дозволената концентрација. Градот е покриен со густа магла од отровни честички и издувни гасови и чад од разни извори. Жителите на главниот град со денови се трујат. Не е возможно да се дише нормално. Задржувањето надвор е животно загрозувачки. Освен преку ден , кога паѓа концентрацијата на загаденост и кога се неминовни излегувања, навечер градот е пуст. Речиси и да нема луѓе, освен тој што мора да е надвор. Најзагадените точки смрдат на изгорени дрва, чад  и сумпор. Доволни се неколку мига да престојувате на отворено и потоа кога ќе влезете мирисате на застоено чадено месо.

Во Аеродром и Ново Лисиче, после 20 часот е пусто и морбидно. На улиците, во парковите, покрај кејот е празно. Ги нема дури ниту локалните кучиња и мачки. Оние што останаа живи во хистеричниот налет на трујачи на животни.

Луѓето се немоќни. Институциите се немоќни. Не се презема ништо. Никој не знае како да го реши овој проблем. Жителите на Скопје не се откажуваат ниту од автомобилите, ниту од нееколошкиот начин на затоплување на домовите. Нема информација кој друг не труе. Каква е состојбата со индустриските капацитети? Има ли контрола на терен? Пронајдени ли се нелегални погони низ градот за кои кружат шпекулации дека навечер вршат недозволени активности?

Дали градежните активности придонесуваат за еколошкиот геноцид? Кога ќе престане да се гради во Скопје? Има ли лимит, колку може, колку треба?

Велат, болниците се полни со болни со проблеми на респираторните патишта. Детската клиника е полна.

Ве боли секојдневно главата? Немате елан, немате сила, бргу се заморувате, поспани сте? Депресивни? Јаглерод моноксидот ни ги уништува и мозочните клетки, дали?

Скопје бавно умира…


http://ako.mk/%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%B4/


Збори ми колку е Скопје кул...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3031 на: 14 Декември 2017, 13:33:15 pm »
До неделата беше кул. Денес не е.


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3032 на: 14 Декември 2017, 13:34:59 pm »
конечно мотив да почне да се празни Скопје, треба луге сериозно да си размислат за живеење во некое полабаво и почисто место..

до душа незнам дали во Македонија периодов има негде кај што не смрди.

на Мој Воздух скоро секаде кај што има мерачи е загадено

а нема мерачи во
- Струмица
- Охрид,
- Прилеп
- Гостивар
- Штип

вака поголеми места што ми паднаа на памет, ако има дописник од таму нека се јави

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3033 на: 14 Декември 2017, 13:41:11 pm »
конечно мотив да почне да се празни Скопје, треба луге сериозно да си размислат за живеење во некое полабаво и почисто место..

до душа незнам дали во Македонија периодов има негде кај што не смрди.

на Мој Воздух скоро секаде кај што има мерачи е загадено

Незнам јас тоа.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3034 на: 14 Декември 2017, 13:43:13 pm »
е тука е супер, само во Лазарополе незнам дали има стални жители. Скоро да сум сигурен дека нема никој со лична карта и со трајно живеалиште, пошто кога ќе падне снегот ако имаш среќа да го исчистат.

јас поише мислев на градовиве

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3035 на: 14 Декември 2017, 13:47:00 pm »


Параметрите на загаденост на воздухот во Скопје изминатата ноќ(14.12.2017), многукратно ја надминаа максимално дозволената концентрација. Градот е покриен со густа магла од отровни честички и издувни гасови и чад од разни извори. Жителите на главниот град со денови се трујат. Не е возможно да се дише нормално. Задржувањето надвор е животно загрозувачки. Освен преку ден , кога паѓа концентрацијата на загаденост и кога се неминовни излегувања, навечер градот е пуст. Речиси и да нема луѓе, освен тој што мора да е надвор. Најзагадените точки смрдат на изгорени дрва, чад  и сумпор. Доволни се неколку мига да престојувате на отворено и потоа кога ќе влезете мирисате на застоено чадено месо.

Во Аеродром и Ново Лисиче, после 20 часот е пусто и морбидно. На улиците, во парковите, покрај кејот е празно. Ги нема дури ниту локалните кучиња и мачки. Оние што останаа живи во хистеричниот налет на трујачи на животни.

Луѓето се немоќни. Институциите се немоќни. Не се презема ништо. Никој не знае како да го реши овој проблем. Жителите на Скопје не се откажуваат ниту од автомобилите, ниту од нееколошкиот начин на затоплување на домовите. Нема информација кој друг не труе. Каква е состојбата со индустриските капацитети? Има ли контрола на терен? Пронајдени ли се нелегални погони низ градот за кои кружат шпекулации дека навечер вршат недозволени активности?

Дали градежните активности придонесуваат за еколошкиот геноцид? Кога ќе престане да се гради во Скопје? Има ли лимит, колку може, колку треба?

Велат, болниците се полни со болни со проблеми на респираторните патишта. Детската клиника е полна.

Ве боли секојдневно главата? Немате елан, немате сила, бргу се заморувате, поспани сте? Депресивни? Јаглерод моноксидот ни ги уништува и мозочните клетки, дали?

Скопје бавно умира…


http://ako.mk/%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%B4/


Збори ми колку е Скопје кул...

све се знае...и кој (не е еден) топи олово, бакар и други тешки и обоени метали (со години) во околината на карпош...и што испуштаат ноќе индустриските капацитети (топлана тафталиџе и др.) и уште многу други работи.

...ама никој нема стискавец да се справи со сето тоа...не маткаат дрвата биле виновни..возилата биле главен проблем...тие што треба да преземат нешто се главен проблем.

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3036 на: 14 Декември 2017, 13:47:36 pm »
Можам да потврдам дека во Прилеп смрди многу откако залади времево, посебно по 15ч кога сите се враќаат дома и ги палат ќумбињата. Ооогромен дел се загреваат на дрва и се што може да собери во шпоренцето. За жал нема мерач да видиме колку изнесуваат пм10/2.5 честичките.


Туку, дали некој има вогмаск од зегин? Дали се практични? Сакам да си купам деновиве маска, па ако има некој искуство со маски од друго место нека кажи, но што може да се купи од Скопје, не од интернет.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3037 на: 14 Декември 2017, 13:50:43 pm »
јас мислам дека маските се крајно непрактични и дека не вршат работа ама ај..

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3038 на: 14 Декември 2017, 13:51:23 pm »
е тука е супер, само во Лазарополе незнам дали има стални жители. Скоро да сум сигурен дека нема никој со лична карта и со трајно живеалиште, пошто кога ќе падне снегот ако имаш среќа да го исчистат.

јас поише мислев на градовиве

Во Струмица е стакло, како и во Неа Мудања, а и под алпите  ;D

Дишете и без паламудење. Кили не се врати за џабе. Министер за животна средина ќе биде.  ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3039 на: 14 Декември 2017, 13:54:17 pm »
Можам да потврдам дека во Прилеп смрди многу откако залади времево, посебно по 15ч кога сите се враќаат дома и ги палат ќумбињата. Ооогромен дел се загреваат на дрва и се што може да собери во шпоренцето. За жал нема мерач да видиме колку изнесуваат пм10/2.5 честичките.


Туку, дали некој има вогмаск од зегин? Дали се практични? Сакам да си купам деновиве маска, па ако има некој искуство со маски од друго место нека кажи, но што може да се купи од Скопје, не од интернет.

Вогмаск би требало да не се лоши. После користење, се пере филтерот (односно целата маска, пошто е со активни состојки) и може пак да се користи. Арно ама, сигурно има ограничен број на циклуси „користење/перење“.

Во XMkd има(ше) други маски кои беа во ред.

TotoBobo се наоѓаат на нет и се меѓу најдобрите. Се нарачуваат филтри посебно. (ако сепак се решиш за нешто од нет).

ТотоБобо ја користев, одлично си ја врши работата, а од Вогмаск имавме земено за малата, па малце имавме проблеми со користење (мало дете, нејке маска итн итн).



The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3040 на: 14 Декември 2017, 13:58:04 pm »
Јас имам од Xmkd, добра е маската, само мислам дека беше малце поскупа од другиве.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3041 на: 14 Декември 2017, 13:58:43 pm »
Златна Гевгелија, Богданци, Принцес и Фламинго казината....
100 че од вечер..под услов да не решиш да ги дуплираш на рулет.;D

Tука, само вака..


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3042 на: 14 Декември 2017, 14:18:00 pm »
Далеку понезагадено е во штип, струмица, кичево, охрид итн... Кога возиш накај скопје од велес после катланово со очи и нос сам приметуваш драстична разлика, веќе кај хиподром гледаш страшна слика.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3043 на: 14 Декември 2017, 14:23:24 pm »

Туку, дали некој има вогмаск од зегин? Дали се практични? Сакам да си купам деновиве маска, па ако има некој искуство со маски од друго место нека кажи, но што може да се купи од Скопје, не од интернет.

провери во Про Медика (мислам дека се викаше) аптеката спроти Рамстор (бившата зграда на Трготекстил)...лани имаа слични на вогмаск, бели со активен јаглен...околу 300 ден, ако не се лажам...пази имаат исти такви и без активен јаглен за 100-тина ден... тие не вршат работа...освен за прашина.

види и во фамафлекс...трговскиот после рампа кисела вода...дали добиле...

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3044 на: 14 Декември 2017, 14:33:51 pm »
Про медика е до бившиот кафич Виториа? Не се многу евтини тие од 300 денари? Вогмаск се околу 900 денари во Зегин.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!