
Параметрите на загаденост на воздухот во Скопје изминатата ноќ(14.12.2017), многукратно ја надминаа максимално дозволената концентрација. Градот е покриен со густа магла од отровни честички и издувни гасови и чад од разни извори. Жителите на главниот град со денови се трујат. Не е возможно да се дише нормално. Задржувањето надвор е животно загрозувачки. Освен преку ден , кога паѓа концентрацијата на загаденост и кога се неминовни излегувања, навечер градот е пуст. Речиси и да нема луѓе, освен тој што мора да е надвор. Најзагадените точки смрдат на изгорени дрва, чад и сумпор. Доволни се неколку мига да престојувате на отворено и потоа кога ќе влезете мирисате на застоено чадено месо.
Во Аеродром и Ново Лисиче, после 20 часот е пусто и морбидно. На улиците, во парковите, покрај кејот е празно. Ги нема дури ниту локалните кучиња и мачки. Оние што останаа живи во хистеричниот налет на трујачи на животни.
Луѓето се немоќни. Институциите се немоќни. Не се презема ништо. Никој не знае како да го реши овој проблем. Жителите на Скопје не се откажуваат ниту од автомобилите, ниту од нееколошкиот начин на затоплување на домовите. Нема информација кој друг не труе. Каква е состојбата со индустриските капацитети? Има ли контрола на терен? Пронајдени ли се нелегални погони низ градот за кои кружат шпекулации дека навечер вршат недозволени активности?
Дали градежните активности придонесуваат за еколошкиот геноцид? Кога ќе престане да се гради во Скопје? Има ли лимит, колку може, колку треба?
Велат, болниците се полни со болни со проблеми на респираторните патишта. Детската клиника е полна.
Ве боли секојдневно главата? Немате елан, немате сила, бргу се заморувате, поспани сте? Депресивни? Јаглерод моноксидот ни ги уништува и мозочните клетки, дали?
Скопје бавно умира…
http://ako.mk/%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%B4/Збори ми колку е Скопје кул...