Моменот е во детаљите.
Пример моментално има картичка од 10 возење и чини 250 денари. Без рок на употреба.
Сега ти викаат имаш електронско надополнување за 10 возење за 250 денари со рок на употреба од 15 дена. Јас како плаќач на услуги, зошто да бидам ограничен за тоа што сум го платил кога да го користам. Да потсетам се работи за Јавно претпријатие, кое секоја година добива субвенции од Градот Скопје, кои субвенции се финансираат од сите нас.
А ако ти е страв да не ти пропаднат парите, тогаш мораш да купиш редовна карта за 1-2 возења кои во случајов чинат по 35 денари, претходно беше 30 денари.