^^
Погрешно си ме разбрал, не кажував дека постојат клими кои не работат на принцип на топлински пумпи. Само сакав да објаснам дека климите не работат како прости греалки, каде со принципот на отпорност се создава топлинска енергија. Понатаму со нагласување на инвертор моделите, сакав обрнам внимание на фактот дека тие се специфицирани за работа на пониски температури и како такви се погодни за греење преку цела сезона. Он-Оф климите се претежно специфицирани за ладење, а греењето им е споредна задача - затоа се ефикасни некаде до 5с, а на пониски температури ефикасноста драстично им опаѓа.
Практично во што пократко пишување сакав да објаснам дека моментално најисплатливо греење е со
инвертор клими, кои иако работат на струја сепак не се прости грејачи туку софистицирани уреди кои работат на принципот на топлински пумпи.
Како и да е, фала што ме надополни.
