Мапирањето на моторот користеше за:
- искиристување на peak ресурсите на моторот во ситуации кога има потреба (претекнување, бркање позиција во квалификации, спринт после излагање од бокс за свежи гуми, спринт за најбрз круг).
-зачувување на долготрајноста на моторот во случаи кога тој е загреан прекуменно и треба да се вози наеднаш пополека (влез на сејфти кар на стаза, инцидент, крај на трка, влез во бокс). Тука е битно да се одржи температурата на моторот на безбедно ниво со користење на богата смеса на гориво и повишен притисок на малсо со пумпата за масло за да се одведе дополнителна топлина од моторот покрај воздушното ладење.
- зачувување на моторот во случај на дефект (долга е дискусијата тука, ќе биде досадно за читање)
Да не го тупам.
Со забраната за користење на мапи ќе имаат проблем тие кои што „шоферскиот„ дефицит го пеглале со трикови и копчиња на воланот.
Ете на сите настојувања да го забранат „парти модот„ на Мерцедес, тие се пак безобразно брзи.
Хамилтон го симна рекордот на Монца кој го држеше Баричело за цели 3 секунди.
Наместо другите тимови да поработат на иновации тие се замаратт на забрана на технички решенија кај конкурентите кои се апла достапни и можат да се копираат.
Тоа цмиздрење е патетично и очајничко:
- ДАС да го забранат
- Мапирањето да го забранат
- всисовите за воздух на Рејсинг Поинт (Мерцедес) се нелегални
- Party mode да нема за квалификации
- Пневматиците ако може побргу да се распаѓаат
Патетика.