Ф1 е врвен спорт, и како и секој врвен спорт, резултатот е комбинација од мал милион фактори, од кои поранешните успеси на возачите се само еден.
Возачите се луѓе од крв и месо. И они си имаат подеми и падови, физичко-ментални фази, вакви или онакви лични и меѓулични околности, телата и умовите им се менуваат... и сето ова пред воопшто „а“ да кажеме колите какви биле.
Ниту еден врвен спортист не останал вечно врвен. Тоа е нормално и очекувано, и на никој начин не го прави помалку врвен отколку што е. Дали шумахер „заборавил да вози“ откако престана да ниже титули? Дали Моника Селеш е помалку врвна тенисерка само затоа што денес веројатно ќе биде „пратена по цигари“ од која било рандом 19-годишна тенисерка од првите 100 на АТП?
Лесно ни е нам на карклуб да мудруваме со маусот у едната и курот у другата рука кој каков бил. Веројатно никој од нас нема поим што им се случува меѓу ушите пред секоја трка и пред секоја кривина.
Во секој случај, СИТЕ ДО ЕДЕН СЕ ВРВНИ ВОЗАЧИ, крем од кремот, со (во апсолутни рамки) маргинални разлики во нивните чисто шоферски квалитети. А кога некој маргинално подобар ќе почне да вози маргинално поконзистентно во маргинално побрза кола и со маргинално повеќе среќа - има шанси да стане шампион. А тие што ќе успеат да ја задржат конзистентноста... и победничкиот тим... подолго време, имаат шанса да станат повеќекратни шампиони.
А за тоа кои се најдобри од најдобрите, ние не сме квалификувани да цениме. За тоа ќе треба да ќутиме и слушаме што викаат луѓето што навистина се разбираат, како напр. други ф1 возачи и/или луѓе на врвни раководни позиции во ф1. Ја лично на нив им верувам 1000% пати повеќе отколку на кој било напален интернет-коментатор со непоколебливи сфаќања за светот базирани на гифови, јутјуб видеа и популарни мисконцепции.