Што направил толку Ветел да ги заслужи тие 40 милиони?
Беше четирикратен шампион. Мислам во тоа време кога го земаа ферари, беше со најмногу титули од активните возачи.
Саинц сигурно ќе вози подобро од него ако не друго со помалку излизгувања и грешки од Ветел.
Полека.. притисокот е многу поголем во тим кој претендира за прво место... Ќе го видиме и Саинц, сепак мислам дека ќе е он вториот во тимот.
Само не сум сигурен дека ќе се задоволи Саинц како втор возач. А ферари очигледно бараат човек како Ботас. Идеален втор возач. Сигурен сум дека баш тоа ќе го очекуваат од Саинц
Нема да му биде лошо на Саинц. Сигурно не е наивен па да го „прелажале“ ферари со понудата.