Мерцедес имаат нај доминантен пакет повторно. И мислам дека никој нема да ги стигне оваа сезона во тој поглед.
Во услови на трка се недостижни.
Албон успеа да ги „стигне„ благодарение на двата сејфти кар прекини. Единствено отворено прашање оваа сезона е дали шампион ќе биде Ботас или Хамилтон.
Отприлика во трка Мерцедесите се 0.6 секунди побрзи од соодветниот конкурент кој е зад нив (има шпекулации дека по потреба можат да го симнат стинтот за дополнителни 0.2 до 0.3 секунди по круг)
Мерцедес имаа проблем со сензор на менувачот кој што од силни вибрации даваше лошо отчитување на вртежи на излез од менувачот. Веројатно на следната трка тоа ќе го средат, и ќе покажат што навистина може возилото во услуви кога може да го цедат како што сакаат.
Еве една супер
визуелизација како Албон успеа да стигне до Мерцедесите. Хинт: Двата сејфтикар прекини
Очекувам многу од Мекларен оваа сезона (затоа што и навивам за нив), имаат одлична шасија и можат да се излактааат многу високо. Догодина со мотори од Мерцедес, очекувам да бидат постојани претенденти за подиум. Жал ми е за Сајнц што мораше да си оди од Мекларен, ама па Рикиардо е одлична замена за него. Да, сеуште мислам дека заминувањето на Сајнц во Ферари е најлошиот потег што можеше да го направи во кариерата.
EDIT:
Еве како стојат работите во перформанси после квалификациите. Многу убаво е визуелизирано каде се тимовите со временските разлики
