Денеска бев во KIA, решен да видам понуда за Спортаж 1.6 CRDI. Меѓутоа, таму продавачот толку ми изназборе за бензинецот што ме замисли малку. Као наводно истиот мотор (1.6 GDI) трошел многу малку, што разликата помеѓу дизел и бензин била 0,7 до 1 литар. Наводно бил ремапиран истиот мотор од предходно. Е сеа, ако е навистина така, тогаш на сметка на поубавото повлекување кај дизелот, малата разлика во потрошувачка и цена на горивата, а и поевтиното одржување и помалата стартна цена, бензинецот е поисплатлив?
Да напоменам дека поминувам 15000 км. годишно. А и искрено, го пробав Тусонот 1,6 T-GDI 177 к.с со турбо мотор и не ми остави некој впечаток. Мора добро да згазиш за да повлече како што треба. А и при тргање како да има дупка (сецнува). Ваше мислење?
@rile прбо да ти кажам дека и мене ме убедуваше прпдавачот да го земам бензинецот, не дозволувај да те премисли.
Од старт плакаш повеке за дизелот али после 7-80000 извозени километри, разликстс во џебот ке се изедначи. Се понстаму е плус
Сум ги возел и двата и нема споредба, бензинецов треба да го возиш со трета на 5000 обртаи за да повлече, и пак со мака ке претицаш,.. ептен е тром,а дизелот има многу буден мотор, прецизен и брз мењач, нема турбо лаг одма повлекува.
Мислам Моторот нема споредба, атмосферец со 160nm вртежен момент наспроти 320. За таа величина треба снага
во однос на потрошувачка ти спомнав погоре.. имам братучед со службен спортаж со тој мотор и разлика во потрошувачка е 3 литри на 100.
Ова со законов за дизеливе нека не те плаши воопшто, мн мн сме далеку од такво нешто.
T-GDI моторот не сум го испробал, треба да е добср и брз
Ако те интересира нешо друго ке ти дадам број