Автор Тема: Kia Sportage 1.6 CRDI  (Прочитано 22439 пати)

Отсутен packetloss99

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Kia Sportage 1.6 CRDI
« на: 11 Ноември 2019, 23:36:14 pm »
Bi sakal da spodelam na forumov, so cel da pomognam na site sto bi kupuvale nova kola.

Posle 6-7 meseci aktivno baranje na novo vozilo, citanje, gledanje reviews, test vozenja, se odluciv za Kia Sportage 1.6 CRDI koj veke 2 meseci go poseduvam.

Gledavi testirav suzuki sCross, skoda octavia, ford kuga, Hyundai tuscon....

Scross, niska potrosuvacka, mozebi dobar motor ali ambient, komocija, amortizacija pod nivo - osnoven model 15 000, so turbo motor 19 500
Octavia, nemaat test vozilo za da se proba, nema ni da registriraat posto nov model izleguva - 17600
Kuga - Skap, ne e nisto poveke od sportazot
Tuscon - poskap od sportazot, gore/dolu isto dobivas

Otkako se odluciv za sportaz, dilemata bese dali benzinecot od 17 350, ili dizelot od 20 350.

1.6 GDI

130 konjski sili, potrosuvacka od 7 na otvoreno i 8.5 gradska, 160 nm torque, sto go dostiga na 4800 rpm, atmosferec, bez turbo - 17 350

1.6 CRDI

136 konjski sili, potrosuvacka od 5L otvoreno, do 6 gradska, 320 nm torque, koj go dostignuva na 1750 rpm i go drzi nad 300nm se do 3000+ rpm, turbo motor - 20 350


Nazalost dizelot go nema kako test vozilo, samo benzinecot, koj posle test vozenjeto iskreno me razocara, bidejki e mnogu baven i nema mokj za prestignuvanje.


Iako e dizel motor, ima pomalku stetni emisii od benzinecot i e naj "green" motor od kia(hyundai).
« Последно менување: 12 Ноември 2019, 00:09:38 am packetloss99 »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #1 на: 11 Ноември 2019, 23:52:26 pm »
Не си можел подобро возило да одбериш.
Со здравје да си го возиш.

Каква боја одбра?

Отсутен packetloss99

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #2 на: 12 Ноември 2019, 00:11:09 am »
Не си можел подобро возило да одбериш.
Со здравје да си го возиш.

Каква боја одбра?

Fala, poubava da si kupis! pa nemase mnogu na raspolaganje, silver metalic

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #3 на: 12 Ноември 2019, 08:20:48 am »
Најубавата!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #4 на: 12 Ноември 2019, 08:26:54 am »
Добредојде! Ајде сега отвори си тема. :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #5 на: 12 Ноември 2019, 09:04:04 am »
Со здравје да га возиш Спортажот.

Многу поубав ентериер има Спортажот од Тусонот, а како поминува време и однадвор ми е поубав. Така да мислам дека не си згрешил.

Тоа со тест возилата е разочарувачка приказна кај нас.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #6 на: 12 Ноември 2019, 09:31:37 am »
Одличен избор , со здравје да го возиш .

И јас сум со истата "мака" периодов , и на крај се решив за Спортажот . Го нарачав 1.6 ГДИ бензинецот , пред се заради малиот број на километри кои ги поминувам годишно , па дизелот не ми беше исплатлива опција . Пред да ме "пофалиш" за изборот на моторот да напоменам дека сум  научен на вакви "брзи" мотори , од Сидот 1.4 што го возам веќе 10 години  ;D

П.С. Јас Lunar silver боја нарачав  8)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #7 на: 12 Ноември 2019, 10:45:46 am »
Добра година :) честито и на двајцата. Баш би сакал да видам практична споредба меѓу двеве, забрзување/потрошувачка/пат на кочење/рафинираност/амортизација...може @zeroSignal да ви посочи што како, сигурен сум дека бајаги луѓе ќе ги интересира истото.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #8 на: 12 Ноември 2019, 10:49:26 am »
Одличен избор , со здравје да го возиш .

И јас сум со истата "мака" периодов , и на крај се решив за Спортажот . Го нарачав 1.6 ГДИ бензинецот , пред се заради малиот број на километри кои ги поминувам годишно , па дизелот не ми беше исплатлива опција . Пред да ме "пофалиш" за изборот на моторот да напоменам дека сум  научен на вакви "брзи" мотори , од Сидот 1.4 што го возам веќе 10 години  ;D

П.С. Јас Lunar silver боја нарачав  8)
Кога треба да стигне? Ајде се изначекавме за слики.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #9 на: 12 Ноември 2019, 11:56:44 am »
Одличен избор , со здравје да го возиш .

И јас сум со истата "мака" периодов , и на крај се решив за Спортажот . Го нарачав 1.6 ГДИ бензинецот , пред се заради малиот број на километри кои ги поминувам годишно , па дизелот не ми беше исплатлива опција . Пред да ме "пофалиш" за изборот на моторот да напоменам дека сум  научен на вакви "брзи" мотори , од Сидот 1.4 што го возам веќе 10 години  ;D

П.С. Јас Lunar silver боја нарачав  8)

Ако веќе не си платил уште.

https://www.pazar3.mk/oglas/vozila/avtomobili/Kia/Sportage/se-prodava/skopje/karpos/kia-sportage-19/3306816

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #10 на: 12 Ноември 2019, 12:33:01 pm »
Па нели беше 16.000€ нова,колку шо знам еден член купи...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #11 на: 12 Ноември 2019, 12:39:31 pm »
Така де.

На овај автоматски цената му оди на 14.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #12 на: 12 Ноември 2019, 12:58:35 pm »
Toj членот што успеа да ја купи за "16.000" ја купи за 17.800. Уште некој месец ќе испадне ја земал нова за 15.500 па на крај без пари му ја дале.

Отсутен packetloss99

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #13 на: 12 Ноември 2019, 14:10:46 pm »
Fala na site, da se vrakja!

Inace presudno kaj mene bese toa so se odluciv za dizelot, "brziot" benzinec, na vtoro mesto potrosuvackata.

Bidejki pocesto vozam na otvoreno, za mene bese ovaa opxija podobra. Benzinecot od dr strana ima poevtin servis, i nema golem seevis kako kaj dizelot na 90.000km.

Inace 16.950 e na akcija benzinecot, plus plakas metalik boja 400 evra. Isto i kaj dizelot, 19.950 +400... Ne davaat ni evro popust posto gi prodavaat kako alva.

Posle nova god nema da go ima akciskiot popust od 2600 evra ..

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Kia Sportage 1.6 CRDI
« Одговори #14 на: 02 Февруари 2020, 18:25:11 pm »


Fala na site,

Posle nova god nema da go ima akciskiot popust od 2600 evra ..


*го има попустот


Sent from my SM-G973F using Tapatalk