Изгледа сите на форумов ги фати некој вирус со мотори, па ни јас не останав имун на него
.Сите се запознаеме со мојата "љубов" према Голфот што го поседувам, па конечно ми се исполни желбата и Голфчето испушти душа
.
Вчера на мајка ми при возење нешто почанло да тресе и цела успаничена го донесе дома.Кога седнав да видам што е, што ќе видам - новогодишна елка.Сите можни сјалички како check engine,EPC и за пролизгување беа упалени.При мали обртаи целата кола буквално се тресе како да е пред гасење.Не ни пробав да ја возам се до денес.
Денес закажав сервис во Порше и го однесов.Значи во возење цело време се мачи колата, односно како да нема воопшто сила и како да не работи турбото.Ја оставив и ми кажаа дека ќе ми се јават во текот на денот.Пред малку го добив повикот дека всушност проблемот е во ланчето од моторот и дека за подетални информации ќе треба да го отворат за да ми кажат кога ќе може да се направи.Ми закажаа тек на 18-ти.
После неколку повика се реши дека ќе се отвора најверојатно во понеделник, за да се утврди што точно треба да се смени и колку ќе чини сето тоа.Ќе гледаат да направат дека колата била под гаранција кога се случил дефектот па да испадне дека не треба ништо да се плати, но тоа е најдоброто можно сценарио.
Stay tuned for more...