Јас ги имав горните виљушки од Лемфордер. Ги купив од Мега. Не ги биваше. Рикнаа доста брзо.
Сега имам TRW доста подобри се.
TRW можиш да ги познаеш по жиговите што ги има на нив. Нормално ќе си пазариш од дуќан кој е со проверен квалитет.
Можиш и од Грција да си ги нарачаш, ако нешто ти значи.
Нека види убаво Жарко кој делови ти се за менување.
Горните виљушки ако квичат само, можи да поминиш само со промена на гумиците. Ако се оштетени на јабучица, тогаш мора да ги смениш целите.
Ако ти квичи на загреана на лежечи, тогаш голема веројатност е дека се гумиците на балансштанглата. Тие се евтини. Ако можиш, земи си силиконски.
Сабајле кога е влажно нема никаков звук.
Преку ден кога е топло, и при нагли вртења лево десно, се појавува тоа квичење. Некогаш дури и кога ќе стане совозачот од колата. Па и кога на кратко ќе ја згазнам , го пројавува тој звук.
Делува како да лежиш на некој постар кревет, па при некои покрети крцка.
Претходниот сопственик ( познаник/пријател) ми кажа дека него не му квичеше, туку му тропкаше. Ја сменил вилушката со оригинална но половна вилушка, и тогаш му се јавило тоа квичење, бидејќи при менување не му ја подмачкале некоја гумица таму. Он ме советува само да се отвори вилушката и да се подмачка добро тој дел.
Инаку каде кај нас има докажано оригинални TRW делови, и само тие ли навистина се добри, а се останато шкарт ?
Друго, може ли да се има доверба во Жаре, во смисол и да е нешто ок, да сака ме убеди дека не е ок и дека треба да се смени многу повеќе отколку што реално треба ?
И друго, што лошо може да се случи доколку ете и нешто да не е во ред, си продолжам регуларно да ја возам така, ќе има некои сериозни понатамошни оштетувања на други компоненти ?