Мене искрено не ми е јасно како 2,5 л атмосверец може да потроши толку малку на отворено.
Постојат две објаснувања. Првото е дека колата е возена толку пензионерски да не може да биде попензионерски, или пак добиените резултати на борд се погрешни.
Сите знаеме дека хибридниот систем на тојота работи максимум до 3 км без да се вклучи бензискиот агрегат. А колата е возена на отворено. Да, можеби има потпомагање на целокупното движење од страна на електричниот погон, ноооо, јас не верувам дека 2,5л бензиски агрегат, може на отворено да потроши под 8л бензин, у идеални случаи.
Инаку на 1,8л мотор што го вози ЦХР, во Србија/Хрватска, добив информација дека некој успеал да вгради плински уред, што би било бинго за оваква комбинација....