Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Како и да е од моја гледна точка ова е подобро решение од класично полирање. Барем не се стругаат/ уништуваат пластиките на фаровите како со класично полирање.
Прво со водена шмиргла се симнува тенок слој на фарот. Нормално се шмиргла со покрупна па со поситна шмиргла. Фарот станува заматен.
Цел кит го има по али за некој 30-40€. Бара убава припрема претходно на фаровите, мора да се убаво измазнети дури и повеќе од класично полирање. Доста е штетно при вдишување…За трајност само добра заштита, фолија и мирна глава со години.
Еден апдејт - вчера ја однесов колата во Авто Сервис Љубомировски во Облешево на шмирглање, полирање и заштита на фаровите.Сакав да ги средам и штоповите, ама испаднав тотален нуб и дно допрев кога увидовме дека имаат залепено не-премногу темна фолија. Не сум никогаш загледал дали има фолија на нив На мене добро ми изгледа овака, одлучив да ја задржам.Нејсе, за фаровите како што разбрав, мајсторот ги извадил од каросеријата. Исшмирглан е фабричкиот лак и потоа е нанесена полимеризација со Wetor. Возачкиот фар има блага кондензација од внатре (затоа што заштитно капаче којзнае од кога немало додека јас не набавив).Видео од полимеризацијата:https://streamable.com/r1hrkuСлики (пред-потоа):(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Проценете сами. Јас сум презадоволен.Цена - 1200 денари___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
@balanar битно прашање барем за мене...Дали колата ти е гаражирана или изложена на надворешни влијанија?