Ова со ОЕМ свеќици не е лошо да се провери колку е цената во Олимпија....јас кога возев Голф бензин/плин, со ОЕМ свеќици поминав скоро 100к км (по правило на 40к км се менуваат ама во 2 наврати немаше на лагер во Де лукс каде ја сервисирав и после тоа сум изумил). Никогаш не ми сецнала колата. Кога се сетив дека бајаги време не сум ги сменил, тркнав до кај Митревски, човекот се чудеше како сум ја палел колата (толку биле истрошени). Цената на една свеќица во овластен беше 700 денари а кај Митревски 350 денари. Митревски ми кажа дека тоа се исти свеќици, можеби брендот (НГК) ама се сомневам дека фабричките се со ист квалитет со заменските (исто како со акумулатор, фабричкиот ти тера 7-8 години а после на 2-3 години а демек ист бренд).