Ајде вака
@Blazhe ... Совет треба да добиеш од некој што го имал/возел X3 и да ти објасни. Мораш да поставиш неколку конкретни прашања за да добиеш соодветен одговор, бидејќи јас не видов конкретни прашања ќе ти напишам од моја гледна точка неколку реченици.
Прво ако земаш SUV нема смисла да има мотор од Фичо. Со самото тоа ќе ти кажам да избегнеш било каква варијанта со 2.0 независно дали ќе биде N47 или М47 мотор. Самиот кажа дека ќе биде второ возило така да сигурно ќе го користиш за одмори, излети и викенд разонода. 3.0 моторот е доста моќен и еден од најпокажаните дизели кај BMW. Потрошувачката е повисока ама нема да те одере на живо. SUV мора да има торк... Без торк ќе се осеќаш како да возиш некоја баба. Е сега 3000 кубици турбодизел и погон на четири си го прават своето. Значаен проблем имаат моделите 3.0SD. Тие го носат познатиот 3.0 Biturbo мотор. (овоj има плус едно турбо од 3.0d) Проблемот кај овие е што во некоја серија менувачите се наместени со ист торзион конвертер како за 3.0d мотор, а имаат доста повеќе HP и NM, со самото тоа се знае дека векот ќе му биде помал. Капак на се е што тие и фабрички се многу силни машини, а секој просечен манијак го чипува до заби... Знаеш кој е крајниот исход на сето тоа... Значи по мое избегнувај 3.0SD, барај стрикно 3.0d 231кс
Многу луѓе се помешуваат и мислат дека 3.0 SD значи дека е на заден погон, ама нема врска ознаката со тоа.
Ако е добро одржуван и сервисиран менувачот на 3.0д не би требало да имаш никакви проблеми. Е сега има еден проблем што интериерот на X3 е малце класичен за BMW ама е изработен квалитетно, па притоа нема да можеш да ја приметиш ни со мнооогу голема километража. Ова ти го кажувам бидејќи лично таа што ја возев ( BMW X3 2005 3.0d ) имаше околу 540,000км, а интериерот беше изненадувачки сочуван и во одлична состојба. Затоа би ти препорачал воопшто да не гледаш кај нас туку да гледаш CH/DE и да отвараш очи околу сервисните и тие работи.
Нешто повеќе за BMW X3 E83:
Мотор и менувач3.0d како мотор воглавно некои големи проблеми нема. Можеш превентивно да извадиш лептири ако ти е страв да не ги гтне. Доколку си во план да ја чипуваш, имај на ум дека менувачот не трпи многу повеќе торк од фабричниот па подобро ќе биде да се чипува кај некој што знае што прави за да си немаш мака. ( правам муабет за аутоматик, рачен менувач не ни гледај на ваква кола според мене не доаѓа во предвид) Како што кажаа погоре, стартување и рикање од место му е најслаба точка и најлесен начин да го сјебеш.
Интериер и просторИнтериерот е квалитетно изработен иако малку прост и класичен, нема многу детали што ќе те потсеќаат дека возиш луксузна кола ( крај краева симболизира БМВ 3 што е најобична кола ).
Просторно е онака сосем таман, за одење на одмор и слични активности е одличен.
Вожња и комфортГолем минус. Траска по дупките и иако е послушен на волан и доста брзо реагира, тежината си ја прави своето... Коцкест е многу, над 200 кмч се ниша...
Доколку имаш замислено дека ќе се возиш во комфортен џип заборави го тоа, можеби ќе успееш ако ставиш многу високи гуми да добиеш комфорт ама далеку од тоа дека ќе плива по дупки и нерамнини. Доста сличен е и неговиот побратим X5, едноставно премногу спортски се и не нудат комфорт како што очекуваме. Посебно не на нашите патишта.
ОдржувањеДелови за мотор и мењач има... Каросерски малку потешко ама сепак се наоѓаат.
Повели доколку имаш други прашања слободно пиши, имам и пријател што ја има може да си направиш муабет со него ако те интересира нешто повеќе.