Автор Тема: Bmw X3  (Прочитано 15341 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Bmw X3
« Одговори #15 на: 26 Август 2019, 18:32:08 pm »
^
Кажи и брат,мене неме веруваат,може дека возам фиат...😁

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Blazhe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Bmw X3
« Одговори #16 на: 26 Август 2019, 18:52:34 pm »
Ок дечки значи да се избегава аутоматик.. Фала ви

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Bmw X3
« Одговори #17 на: 26 Август 2019, 19:01:48 pm »
Еве ти едно:
http://toyota.com.mk/koristeni/toyota-rav4-22-d-4d-132ks-executive/
Кочија невидена е тојотата,бетер од фиат,ја возевме 500КМ со појакиот мотор 170/177 КС 2009 година.



Аман, бе? Мислев убави се овие...

Ова важи и за претходникот или кокнретно за оваа година производство?
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Bmw X3
« Одговори #18 на: 26 Август 2019, 19:37:05 pm »
Еве ти едно:
http://toyota.com.mk/koristeni/toyota-rav4-22-d-4d-132ks-executive/
Кочија невидена е тојотата,бетер од фиат,ја возевме 500КМ со појакиот мотор 170/177 КС 2009 година.



Аман, бе? Мислев убави се овие...

Ова важи и за претходникот или кокнретно за оваа година производство?
За овој модел јас зборам,претходниот го немам возено.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Bmw X3
« Одговори #19 на: 26 Август 2019, 20:11:33 pm »
Ок дечки значи да се избегава аутоматик.. Фала ви
Да купиш х3 и да шалташ брзини некако не иде. Остај овде многу џаболебари има со туѓи пари. Ако автоматикот е ок нема причина зошто да се плашиш.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Bmw X3
« Одговори #20 на: 26 Август 2019, 20:13:06 pm »
Автоматиците не трпат торк, на ремапирани коли се откажува често да откаже. И нормално тркачки стартови цело време не сакаат многу. Останати дефекти како кај други автоматици.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Bmw X3
« Одговори #21 на: 26 Август 2019, 21:08:55 pm »
Ок дечки значи да се избегава аутоматик.. Фала ви

аутоматикот на БМВ е мелем за душа и тело  ;D , ене ја бившата моја уште тера мењачот без проблем со два сервиса на 400к

дефектни у главата се претходни сопственици што го силуваат како на трки, а и таквите кои не го одржаваат.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Bmw X3
« Одговори #22 на: 26 Август 2019, 21:13:53 pm »
Автоматикот ќе ја надживее колата и моторот 2 пати, НО само ако се одржава добро. Не постои менувач што е maintenance free ако што ги продаваат производителиве. Промена на масло и филтер и има да тера 100 години.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Bmw X3
« Одговори #23 на: 26 Август 2019, 21:55:55 pm »
Ајде вака @Blazhe ... Совет треба да добиеш од некој што го имал/возел X3 и да ти објасни. Мораш да поставиш неколку конкретни прашања за да добиеш соодветен одговор, бидејќи јас не видов конкретни прашања ќе ти напишам од моја гледна точка неколку реченици.

Прво ако земаш SUV нема смисла да има мотор од Фичо. Со самото тоа ќе ти кажам да избегнеш било каква варијанта со 2.0 независно дали ќе биде N47 или М47 мотор. Самиот кажа дека ќе биде второ возило така да сигурно ќе го користиш за одмори, излети и викенд разонода. 3.0 моторот е доста моќен и еден од најпокажаните дизели кај BMW. Потрошувачката е повисока ама нема да те одере на живо. SUV мора да има торк... Без торк ќе се осеќаш како да возиш некоја баба. Е сега 3000 кубици турбодизел и погон на четири си го прават своето.  Значаен проблем имаат моделите 3.0SD. Тие го носат познатиот 3.0 Biturbo мотор. (овоj има плус едно турбо од 3.0d) Проблемот кај овие е што во некоја серија менувачите се наместени со ист торзион конвертер како за 3.0d мотор, а имаат доста повеќе HP и NM, со самото тоа се знае дека векот ќе му биде помал. Капак на се е што тие и фабрички се многу силни машини, а секој просечен манијак го чипува до заби... Знаеш кој е крајниот исход на сето тоа... Значи по мое избегнувај 3.0SD, барај стрикно 3.0d 231кс
Многу луѓе се помешуваат и мислат дека 3.0 SD значи дека е на заден погон, ама нема врска ознаката со тоа.
Ако е добро одржуван и сервисиран менувачот на 3.0д не би требало да имаш никакви проблеми. Е сега има еден проблем што интериерот на X3 е малце класичен за BMW ама е изработен квалитетно, па притоа нема да можеш да ја приметиш ни со мнооогу голема километража. Ова ти го кажувам бидејќи лично таа што ја возев ( BMW X3 2005 3.0d ) имаше околу 540,000км, а интериерот беше изненадувачки сочуван и во одлична состојба. Затоа би ти препорачал воопшто да не гледаш кај нас туку да гледаш CH/DE и да отвараш очи околу сервисните и тие работи.
Нешто повеќе за BMW X3 E83:

Мотор и менувач
3.0d како мотор воглавно некои големи проблеми нема. Можеш превентивно да извадиш лептири ако ти е страв да не ги гтне. Доколку си во план да ја чипуваш, имај на ум дека менувачот не трпи многу повеќе торк од фабричниот па подобро ќе биде да се чипува кај некој што знае што прави за да си немаш мака. ( правам муабет за аутоматик, рачен менувач не ни гледај на ваква кола според мене не доаѓа во предвид) Како што кажаа погоре, стартување и рикање од место му е најслаба точка и најлесен начин да го сјебеш.

Интериер и простор
Интериерот е квалитетно изработен иако малку прост и класичен, нема многу детали што ќе те потсеќаат дека возиш луксузна кола ( крај краева симболизира БМВ 3 што е најобична кола ).
Просторно е онака сосем таман, за одење на одмор и слични активности е одличен.

Вожња и комфорт
Голем минус. Траска по дупките и иако е послушен на волан и доста брзо реагира, тежината си ја прави своето... Коцкест е многу, над 200 кмч се ниша...
Доколку имаш замислено дека ќе се возиш во комфортен џип заборави го тоа, можеби ќе успееш ако ставиш многу високи гуми да добиеш комфорт ама далеку од тоа дека ќе плива по дупки и нерамнини. Доста сличен е и неговиот побратим X5, едноставно премногу спортски се и не нудат комфорт како што очекуваме. Посебно не на нашите патишта.

Одржување
Делови за мотор и мењач има... Каросерски малку потешко ама сепак се наоѓаат.


Повели доколку имаш други прашања слободно пиши, имам и пријател што ја има може да си направиш муабет со него ако те интересира нешто повеќе. :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Bmw X3
« Одговори #24 на: 26 Август 2019, 22:17:20 pm »
Автоматикот ќе ја надживее колата и моторот 2 пати, НО само ако се одржава добро. Не постои менувач што е maintenance free ако што ги продаваат производителиве. Промена на масло и филтер и има да тера 100 години.
Мерцедес С320 од 2008 купен нов,до 430Ккм стандард,после тоа чипован,возен абдалски,стартован на секое тргнување до максимум.631Ккм,моторот рикна,2 клипа скина на пола,менувачот нема никаков проблем.Еднаш е сменето масло и филтер на менувачот,на 540Ккм.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Bmw X3
« Одговори #25 на: 26 Август 2019, 22:19:39 pm »
Автоматикот ќе ја надживее колата и моторот 2 пати, НО само ако се одржава добро. Не постои менувач што е maintenance free ако што ги продаваат производителиве. Промена на масло и филтер и има да тера 100 години.
Мерцедес С320 од 2008 купен нов,до 430Ккм стандард,после тоа чипован,возен абдалски,стартован на секое тргнување до максимум.631Ккм,моторот рикна,2 клипа скина на пола,менувачот нема никаков проблем.Еднаш е сменето масло и филтер на менувачот,на 540Ккм.
7G TRONIC ли е менувачот :) ?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Bmw X3
« Одговори #26 на: 26 Август 2019, 22:24:47 pm »
Да.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Bmw X3
« Одговори #27 на: 26 Август 2019, 23:17:19 pm »
3.0 кола и рачен мењач не одат заедно.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Blazhe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Bmw X3
« Одговори #28 на: 26 Август 2019, 23:45:49 pm »
Фала ти @BrziGonzalez . Нешто како ова сакав да прочитам..Инаку да дефинитивно ке биде увезен и во германија и швајцарија имам човек кој може да ми заврши работа. Е сеа тоа со мењачот стварно не иде 3.0 со рачен , ама некако тие автоматикот ми се... неам до сеа возено автоматик и стварно неам појма што и како само од рекла казала муабети.. За комфорт знам дека нема што да се очекува нешто, ама бмв не е за комфорт во секој случај :D Сепак како што викаат џип си е џип :)

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Bmw X3
« Одговори #29 на: 27 Август 2019, 01:06:41 am »
Фала ти @BrziGonzalez . Нешто како ова сакав да прочитам..Инаку да дефинитивно ке биде увезен и во германија и швајцарија имам човек кој може да ми заврши работа. Е сеа тоа со мењачот стварно не иде 3.0 со рачен , ама некако тие автоматикот ми се... неам до сеа возено автоматик и стварно неам појма што и како само од рекла казала муабети.. За комфорт знам дека нема што да се очекува нешто, ама бмв не е за комфорт во секој случај :D Сепак како што викаат џип си е џип :)
Ќе се казниш за на век ако  земеш 3.0 кола рачен менувач. Т.е општо голема кола со рачен менувач е глупост. Ти предлагам пред да купуваш да извозиш и пробаш неколку за да знаеш што ќе ти лежи