@zlatkoa - Би рекол дека материјалите во кабината се на ниво на Голф 6, под Голф 7, и во некои сегметни подобри, во некои сегменти полоши од Октавија.
Хиерархијата мора да биде запазена, затоа си постои.
Дампирањето е изненадувачки добро, дури и на 17-инчни тркала. Секако, на 15ки или 16ки ќе биде уште помека. Генерално фино и комотно вози. Седиштата многу ми се допаднаа (и Skoda ме изненадува во последно време со добри седишта, и Карокот што го имавме на тест имаше одлични спортски седишта).
Дали му парира на мојот Голф 6? Секако дека не, зборуваме за
мојот Голф 6, најдобрата кола на планетава, па и пошироко. Единствена подобра кола би била следната моја кола (а и тоа е дискутабилно).
Шала на страна, погодена си е колата. Формата ми е малку чудна (и субјективно суспензијата превисока, ама тоа е лесно-средливо), ама јас не сум таргет-купувач за Scala. Ќе ја ценат луѓе што сакаат bang-for-buck, што сакаат простор, опрема и логичност за прифатлива цена.