Мене ме интересира од каде ти е податокот дека е платена 19600 евра? Ја имаш фактурата во тебе? Која е таа опрема што ја крева вредноста толку многу и што треба да се прават порачки и сл? Пријатели купија ваква на ново, караван со истиов мотор и опрема во 2009/10 год и ја платија ~12000 евра. Многу некако голема разлика до 19600.
Количево убаво делува, но баш ме интересира дали постои будала што ќе плати 7000 евра.
Таа година, за 20,000 евра претпоставувам се купувало пасати со дизелски мотор. Јас не гледам да има некоја опрема колава, можеби за тогаш тие набројани ситници се рачунале како богата опрема, ама за денешен стандард ова е најосновно ниво на опрема. Друго, КИА е позната како евтин бренд, кој денеска се продава евтино, а можам да замислам пред 10 години колку поевтино се продавала, бидејќи последниве години гледаме зголемување на цените кај сите возила.
Еве да не нагаѓаме,
@zeroSignal ја тестирал 2012-та
https://www.carclub.mk/2012/05/04/test-kia-ceed-1-6-crdi/ .
1.6 турбо дизелски агрегат на акција коштала 14,400 евра, земено дека дизелите се во просек по 1,500 евра поскапи од бензинците, 13,000 евра била оваа кола со 1,6 бензиски мотор на акција.