Здраво дечки, да не има некој случајно искуство, или да знае некој што има искуство со погоре наведениот проблем? Имено, едната страна (возачката) дува топло, а совозачката дува ладно од сите 3 места за издувување, независно која температура е наместена на климата. Доколку е важно, двозонска е климата. Не сум сигурен кога ја земав дека го имаше овој проблем. Ја оставив на мајстор за да ја проверат зимово, меѓутоа според тоа што они го кажаа (а не ми се баш за верување, мислам дека воопшто ја немаат ни погледнато), на компјутер не појавила никаква грешка и дека најверојатно е дека е затнато казанчето за парното. Ќе ве молам за совет доколку некој има искусено слична ситуација, или пак да ме наведете каде да се обратам во Велес, или пак околината на Велес.
Поздрав