Автор Тема: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006  (Прочитано 1806 пати)

Отсутен copche

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« на: 28 Јули 2019, 16:39:39 pm »
Здраво дечки, да не има некој случајно искуство, или да знае некој што има искуство со погоре наведениот проблем? Имено, едната страна (возачката) дува топло, а совозачката дува ладно од сите 3 места за издувување, независно која температура е наместена на климата. Доколку е важно, двозонска е климата. Не сум сигурен кога ја земав дека го имаше овој проблем. Ја оставив на мајстор за да ја проверат зимово, меѓутоа според тоа што они го кажаа (а не ми се баш за верување, мислам дека воопшто ја немаат ни погледнато), на компјутер не појавила никаква грешка и дека најверојатно е дека е затнато казанчето за парното. Ќе ве молам за совет доколку некој има искусено слична ситуација, или пак да ме наведете каде да се обратам во Велес, или пак околината на Велес.

Поздрав

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« Одговори #1 на: 28 Јули 2019, 16:44:19 pm »
Јас имав исти ваков проблем на Opel Corsa, совозачката страна дуваше топло а возачката млако (накај ладно), ја однесов на мајстор и ми кажаа дека е затнато радијаторчето за парно, после чистење на радијаторчето проблемот се реши.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« Одговори #2 на: 28 Јули 2019, 16:49:36 pm »
Дај слика од колата да видиме шо е проблемот


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен copche

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« Одговори #3 на: 28 Јули 2019, 16:55:37 pm »
Кое средство го користеше за да го исчистиш казанчето? Немам сеуште експериментирано :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« Одговори #4 на: 28 Јули 2019, 17:30:29 pm »
Ја ти кажав дека можеби можам да ти помогнам ако ја видам колата, гледам дека ме игнорираш. Можеби да е моето старо бенве, сребрено со м пакет, полу кожни седишта, ремапирано. Тоа го имаше тој проблем, и знам шо и како и каде му е правено. Го купи човек од велес, па го даде негде у струмица, па го трампал некој пак назад у велес итн итн, да го видам ќе го познаам.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« Одговори #5 на: 28 Јули 2019, 17:41:24 pm »
Кое средство го користеше за да го исчистиш казанчето? Немам сеуште експериментирано :)
Јас не експериментирав ништо, ја однесов кај стручно лице кое си ја знае работата :) , му ја оставив колата и ми се јави после 3 часа да ми каже дека е средена работата.

Отсутен copche

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« Одговори #6 на: 28 Јули 2019, 18:12:13 pm »
Ја ти кажав дека можеби можам да ти помогнам ако ја видам колата, гледам дека ме игнорираш. Можеби да е моето старо бенве, сребрено со м пакет, полу кожни седишта, ремапирано. Тоа го имаше тој проблем, и знам шо и како и каде му е правено. Го купи човек од велес, па го даде негде у струмица, па го трампал некој пак назад у велес итн итн, да го видам ќе го познаам.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Не бе друже, не сум во можност одма да ја сликам колата,  кога ќе дојдам дома ќе сликам и ќе постирам слика.. без нервози, никого не игнорирам, секоја идеја и совет се добредојдени ;)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« Одговори #7 на: 28 Јули 2019, 18:17:16 pm »
Кајо тоа? Зарем не си чуваш една слика од колата во новчаник? Тууу, каде отиде веков ;D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« Одговори #8 на: 28 Јули 2019, 18:23:38 pm »
Нема таков мераклија на коли, а да нема слика у тел од својата кола.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен copche

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Проблем со парно на BMW E87, 118D 2006
« Одговори #9 на: 28 Јули 2019, 18:45:18 pm »
Повели слика од возилото и од климатроникот како изгледа...


« Последно менување: 28 Јули 2019, 20:57:37 pm copche »