Сега видов дека ме спомнал Симо во темава.
Јас имав порано Браво 1.4 Т-Јет и откако отиде тоталка тоа, пак си земав исто зошто после детално истражување на сите половни коли со тие димензии, сметам дека нема подобра кола за тие пари. Како најбитни фактори ми беа изгледот, ефтиното одржување (со исклучок на варијабилниот замаец што го има секој турбо мотор) и тоа што има турбо-бензински мотор што поднесува плин.
Како маани би ги издвоил пластиките, кои не се баш квалитетни, па ако си пицајзла и сакаш секогаш колата да ти изгледа беспрекорна ќе се нервираш и мораш да се навикнеш да гледаш како сами се распаѓаат знаковите, се појавуваат ситни пукнатини на фаровите и си поткрцнуваат пластиките во ентериерот.
Исто така, напред моторот е поставен доста ниско, така да треба да се пази каде се качуваш и каде возиш.
Седиштата и суспензијата се потврди, ама се навикнав веќе и не ми сметаат.
Инаку 1.4 Т-Јет моторот вади специфичен звук и прави многу мерак, а со плинот е многу економично за возење.