Веќе пишав како и зошто ја купив фиестата па редно е да ја претставам. Од опрема ми ја продадоа како Титаниум, има фабрички плин BRC, дигитална клима, фабрички затњмнети задни стакла и добро радио со усб и блутут. Купена на 230 030км реални. Ставена е на бг табли затоа што можеби ќе си бегам од НМК па да немам дупли трошок
Направен голем сервис, со сменети каиши кабли свеќици и бомбина. Остана да се сменат филтри на плинот и да проверам предница напред кај Тихо, нешто тропка на нерамнини.
Колата добро вози, воодушевен сум од управливоста и стабилноста. Има ситни гребаници и на двете страни е бележана со клуч, ќе ја вози жена ми па нема да остане само на тоа, затоа ништо нема да се фарба.
Купена 4000
Трошоци за регистрација комплет со з.к 300
Сервис околу 180-200
Sent from my iPhone using Tapatalk