Автор Тема: Ford Fiesta mk7 2010 1.4LPG 71kw  (Прочитано 2001 пати)

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Ford Fiesta mk7 2010 1.4LPG 71kw
« на: 03 Јули 2019, 20:59:53 pm »
Веќе пишав како и зошто ја купив фиестата па редно е да ја претставам. Од опрема ми ја продадоа како Титаниум, има фабрички плин BRC, дигитална клима, фабрички затњмнети задни стакла и добро радио со усб и блутут. Купена на 230 030км реални. Ставена е на бг табли затоа што можеби ќе си бегам од НМК па да немам дупли трошок

Направен голем сервис, со сменети каиши кабли свеќици и бомбина. Остана да се сменат филтри на плинот и да проверам предница напред кај Тихо, нешто тропка на нерамнини.

Колата добро вози, воодушевен сум од управливоста и стабилноста. Има ситни гребаници и на двете страни е бележана со клуч, ќе ја вози жена ми па нема да остане само на тоа, затоа ништо нема да се фарба.

Купена 4000
Трошоци за регистрација комплет со з.к 300
Сервис околу 180-200



















Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Fiesta mk7 2010 1.4LPG 71kw
« Одговори #1 на: 03 Јули 2019, 21:16:08 pm »
Со здравје да се вози, многу безгрижни километри.

Тоа напред што тропка може да е осовината од летвата, доста чест проблем е кај овој модел. Кај мене се појави на помалце од 50.000 км

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Ford Fiesta mk7 2010 1.4LPG 71kw
« Одговори #2 на: 04 Јули 2019, 07:59:10 am »
Внатрешно изгледа ептен зачувана за километражата.
Со здравје да се вози, мене ми изгледа топ со овие фелни и таа опрема.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Ford Fiesta mk7 2010 1.4LPG 71kw
« Одговори #3 на: 04 Јули 2019, 08:26:26 am »
Фала многу, и од надвор не е лоша, и фали  полирање. Сакав 16ки да ставам да заличи убаво ама ја оставам како е така е.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Ford Fiesta mk7 2010 1.4LPG 71kw
« Одговори #4 на: 04 Јули 2019, 08:28:23 am »
Со здравје да си ја возиш. И како катана низ кривините. Да се чудат што мотор има.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta mk7 2010 1.4LPG 71kw
« Одговори #5 на: 04 Јули 2019, 08:58:10 am »
Sвер од ауто.

Со здравје да ја возиш, и да се прошетате со колата каде што сакате.

Само гас то трт и терај.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Ford Fiesta mk7 2010 1.4LPG 71kw
« Одговори #6 на: 04 Јули 2019, 10:59:32 am »
Одличен избор! Пред-фејслифт Fiesta од оваа генерација е најубавото количе во својата класа, и е џам џам џам за возење!

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Ford Fiesta mk7 2010 1.4LPG 71kw
« Одговори #7 на: 11 Јули 2019, 19:19:41 pm »



Цркна акумулаторот, заменет со нов најевтиниот во најблиската продавница Весна.
И така, колата што беше купена за 400км месечно веќе сврте 2500+ за две недели




Sent from my iPhone using Tapatalk