Автор Тема: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)  (Прочитано 16364 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #15 на: 04 Јуни 2019, 17:56:03 pm »
Со што телефон пробуваше за респонзивноста? Мислам дека се фалеа на новиве со 855 снапдрагон како Oneplus7 баш тоа било многу мазно.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #16 на: 04 Јуни 2019, 18:09:21 pm »
Со здравје да се вози, одлично количе
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #17 на: 04 Јуни 2019, 18:10:23 pm »
Со што телефон пробуваше за респонзивноста? Мислам дека се фалеа на новиве со 855 снапдрагон како Oneplus7 баш тоа било многу мазно.

Samsung S9+

Супер си е поврзувањето, брзината е добра, ама touch-от понекогаш не фаќа од прва, треба повторно да се кликне. И тоа важи кај сите опции/апликации на дисплејот, на само за android auto. Може и поради тоа што е некој просечен LG дисплеј, а јас сум научен на мобилниот, чиј што дисплеј е далеку поосетлив.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #18 на: 04 Јуни 2019, 19:13:38 pm »
Чинам дека екраните во колите, или барем кај Опел, се резистивни и поспори (или резистантни, појма неам како е точно), додека кај телефоните се капацитивни и побрзи.

Иначе Интеллинкот е ептен убаво дотеран, многу лесно се справува со уреди, интуитивен е... Мераклар :)

Солидна опрема :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #19 на: 04 Јуни 2019, 21:14:37 pm »
Чистото ново ауто, со здравје да се вози!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #20 на: 04 Јуни 2019, 22:38:02 pm »
Мислам дека никогаш не би купил ново возило кое напред е повисоко од назад (на wheel gap мислам), не би можел да ја гледам. А можеби е до местото каде што е сликана, пред салонот ?  Како и да е,создравје да си ја возиш  :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #21 на: 05 Јуни 2019, 00:37:54 am »
И да не купуваш.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #22 на: 05 Јуни 2019, 00:41:47 am »
@n1kola Најверојатно аголот на сликата лаже. На последната слика се гледа убаво дека има рамномерна висина напред и назад.
Инаку честитки @Barca, фино ауто!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #23 на: 05 Јуни 2019, 09:13:51 am »
Со здравје да се вози, безгрижни километри!
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #24 на: 05 Јуни 2019, 09:16:37 am »
Одличен избор на автомобил и на мотор. Многу незаборавни моменти, далечни дестинации и убави спомени да ви донесе во семејниот фото албум.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #25 на: 05 Јуни 2019, 09:49:30 am »
Честито...
Високо си ја истопорил во катна гаража сабајлево....(ако таа што ја видов е твојата). :)

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #26 на: 05 Јуни 2019, 14:23:37 pm »
Мислам дека никогаш не би купил ново возило кое напред е повисоко од назад (на wheel gap мислам), не би можел да ја гледам. А можеби е до местото каде што е сликана, пред салонот ?  Како и да е,создравје да си ја возиш  :)

Фала на честитките.
Складни и пропорципнални линии има, може да е и до аголот на сликање. Многу субјективна работа е, ама дизајнерски мене колата ми е дефинитивно во топ 3 во сегментот, заедно со Mazda 6 и Renault Talisman, а пред Peugeot 508, Skoda Superb, Kia Optima, VW Passat, Toyota Camry.
Може не е оригинална, паѓачката купеовска линија е многу слична на Audi A5, предната маска личи на Mazda 6, задните светла се многу слични со BMW, ама целото тоа убаво го имаат склопено во Opel Insignia.
И најважното - речеси како и секој друг автомобил, многу поубава е во живо, отколку на слики.

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #27 на: 05 Јуни 2019, 14:25:13 pm »
Честито...
Високо си ја истопорил во катна гаража сабајлево....(ако таа што ја видов е твојата). :)

Фала на честитките.
Не била мојата  :)

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #28 на: 05 Јуни 2019, 14:39:31 pm »
Да дополнам уште нешто што има од опрема, а не го пишав во претходниот пост. Има  копче за старување, не е со клуч ( реално, не гледам некој бенефит од ова). Има мониторинг на притисок на гумите (е ова е одлична можност). На борд компјутерот покажува растојание до возилото напред, изразено во секунди (интересна и функционална опција). Покажува колку проценти живот има маслото - као демек врз основа на повеќе параметри, вклучувајќи и надворешни температури (супер работа ако е прецизно и точно). Сепак, количината на масло останува да се проверува со стариот и најточен метод - шипка и ладен мотор. Има можност задните врати и прозори да не може да ги отвораат деца самите. Блутут може да се врзат повеќе телефони.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #29 на: 06 Јуни 2019, 07:05:41 am »
- стартување без клуч, и по мене е непотребна глупост

- систем за следење на притисок на гуми, убава работа

- “процентуален” приказ на состојбата на маслото, врска нема, и кај мене е така. Процентите си се намалуваат пропорционално како што си тече времето од актуелниот, до наредниот сервис, не би рекол дека има врска со фактичката состојба на маслото

- тоа со безбедноста за деца позади, го има веќе кај многу возила, многу одамна, така да, не е ништо ново.

Штета што се халогенки предните светла, неубаво личат белите дневни со жолтите халогенки :(
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.