Не ми се брза, одам на шетање и разгледување. Така да секоја препорака и попатно кај да се застане е добредојдена.
последно прашање... со кола или со мотор ке идеш? мен не ми е битно, туку размисли што сакаш да доживееш додека се возиш....
ако сакаш автопат, и долго возење, јас би извозел преку куманово-србија, србија цела по должина па во хрватска, и само што ке влезеш во хрватска, многу брзо има исклучок за граничен премин кон босна. се до тука е автопат. одтука до сараево беше релативно блиску, во однос на претходно поминатите 700 километри...
само да си знаеш, за во босна, спреми си банкноти од по 5 евра, за МИК (митоикорупција), тоа ти доаѓа како патарина без фискална. ако те запрат, во сообраќајната тури 5-че и мирен си... ако не туриш, во нај мала рака, ке те гњави барем пола саат, таман се да си како што треба, А НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ затоа што друга држава, други закони... и не, не важи тоа, ако му кажеш дека КАЈ НАС ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ВАКА... увек ке ти каже, да, кај вас не треба, кај нас треба...