Автор Тема: Скопје - Сараево  (Прочитано 5229 пати)

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Скопје - Сараево
« на: 19 Мај 2019, 23:20:43 pm »
Во план ми е во Јуни да прошетам до Сараево. Никогаш не сум бил натаму па затоа се одлучив за таа дестинација,меѓутоа незнам која рута да ја изберам. Гугл и мишелин даваат различни рути, колку што гледам се е тоа планински пат т.с. нема автопат. Дали да одам преку Косово па да влезам во Србија? Некако најкратко ми се гледа тоа, до Приштина е автопат па да одам на Печ па Црна гора или пак да одам на Нови Пазар па Прибој?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #1 на: 19 Мај 2019, 23:45:29 pm »
Во план ми е во Јуни да прошетам до Сараево. Никогаш не сум бил натаму па затоа се одлучив за таа дестинација,меѓутоа незнам која рута да ја изберам. Гугл и мишелин даваат различни рути, колку што гледам се е тоа планински пат т.с. нема автопат. Дали да одам преку Косово па да влезам во Србија? Некако најкратко ми се гледа тоа, до Приштина е автопат па да одам на Печ па Црна гора или пак да одам на Нови Пазар па Прибој?
Зависи колку брзо сакаш да стигнеш и што сакаш да видиш по пат.

Јас идев преку Чачак, Ужице, Мокра гора, па Дрвен град, па Вишеград до Сараево... подолг е патот доста ама застанав на повеќе места. Така да зависи дали ти се брза или не.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #2 на: 20 Мај 2019, 08:08:45 am »
Не ми се брза, одам на шетање и разгледување. Така да секоја препорака и попатно кај да се застане е добредојдена.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #3 на: 20 Мај 2019, 19:12:39 pm »
Не ми се брза, одам на шетање и разгледување. Така да секоја препорака и попатно кај да се застане е добредојдена.
последно прашање... со кола или со мотор ке идеш? мен не ми е битно, туку размисли што сакаш да доживееш додека се возиш....
ако сакаш автопат, и долго возење, јас би извозел преку куманово-србија, србија цела по должина па во хрватска, и само што ке влезеш во хрватска, многу брзо има исклучок за граничен премин кон босна. се до тука е автопат. одтука до сараево беше релативно блиску, во однос на претходно поминатите 700 километри... ;)
само да си знаеш, за во босна, спреми си банкноти од по 5 евра, за МИК (митоикорупција), тоа ти доаѓа како патарина без фискална. ако те запрат, во сообраќајната тури 5-че и мирен си... ако не туриш, во нај мала рака, ке те гњави барем пола саат, таман се да си како што треба, А НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ затоа што друга држава, други закони... и не, не важи тоа, ако му кажеш дека КАЈ НАС ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ВАКА... увек ке ти каже, да, кај вас не треба, кај нас треба... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #4 на: 21 Мај 2019, 08:58:58 am »
Се согласувам со советите на Онак. Особено за во Босна и искуствата со нивната полиција.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #5 на: 21 Мај 2019, 20:29:59 pm »
кој бил низ босна знае како иде таму работата... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #6 на: 21 Мај 2019, 23:24:27 pm »
Јас лани летото кога одев за Макарска, на Босанска граница ми кажаа да се паркирам и почнаа да ми роварат низ кола... копаа, копаа, копаа за на крај еден од граничарите да ме праша, "добро македонче, немаш ракија?" , велам имам ракија... па каде е? и ја вадам ракијата, му ја давам, ја зеде и ми вели, "во ред е, слободен си".
Еб*ти босанецот, можеше да каже порано, ке му ја дадев ракијата без да ми направи хаос во колата.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #7 на: 22 Мај 2019, 08:34:39 am »
Секоја година со нив си имам интересен муабет, истото како кај тебе. Јел имате шта пријавит'? Цигааре, алкохол, РАКИЈУУ? Ја мртов ладен, немам ништа. Па му дадов литро ракија, зошто секако имав 2л, проблемот беа 3те штеки цигари, па викам дур не почнал да тресе, да се отарасам хаха. Сеа ме научија на Билеќа 3год по ред, не ме замараат веќе :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #8 на: 23 Мај 2019, 10:11:55 am »
Ја знам и друга фора за избегнување проблеми со корумпирана полиција. Моето решение е помалку шашаво и неконвенционално, ама за чудо - делува: возење во склад со сообраќајните прописи и сигнализација.

Да, знам дека звучи малце откачено, ама пробајте некогаш, нема да ви се скрати к*от, обеќавам.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #9 на: 23 Мај 2019, 10:14:47 am »
Ја знам и друга фора за избегнување проблеми со корумпирана полиција. Моето решение е помалку шашаво и неконвенционално, ама за чудо - делува: возење во склад со сообраќајните прописи и сигнализација.

Да, знам дека звучи малце откачено, ама пробајте некогаш, нема да ви се скрати к*от, обеќавам.

Моите негативни искуства се со граничната полиција. Со други зборови, сакал-нејќел, мораш да застанеш кај нив и да те “претресат“.  И најчесто сами ќе ти побараат да ги почастиш инаку ќе ти прават “темелна проверка“ која најверојатно ќе потрае неколку часа додека да дојде шефот/колегата/специјалниот тим. Или, нормално ќе ти дадат опција и да се вратиш назад, воопшто и да не влегуваш во Босна и Херцеговина.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #10 на: 23 Мај 2019, 10:22:43 am »
Истово тормозење му се има случено на татко ми на албанска граница. Му рекле тие носиш кокаин, колата носење во една просторија со кучиња абе филмови што да ти кажам...се додека не им фрли по некој денар и толку.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #11 на: 23 Мај 2019, 10:28:41 am »
Ја знам и друга фора за избегнување проблеми со корумпирана полиција. Моето решение е помалку шашаво и неконвенционално, ама за чудо - делува: возење во склад со сообраќајните прописи и сигнализација.

Да, знам дека звучи малце откачено, ама пробајте некогаш, нема да ви се скрати к*от, обеќавам.

Еј стварно ?



Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #12 на: 23 Мај 2019, 10:38:50 am »
Само што влегол во Република Српска, веднаш го застанале  :D

https://bestsellingcarsblog.com/2019/02/10-countries-in-10-days-in-a-dacia-logan-3-10-bosnia-herzegovina/
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #13 на: 23 Мај 2019, 10:49:14 am »
Со кола ќе одам не одам со мотор. Мада после сите овие муабети за тоа какви гнаси од народ сме на балканиве искрено ми се отиде.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Скопје - Сараево
« Одговори #14 на: 23 Мај 2019, 12:41:42 pm »
Со кола ќе одам не одам со мотор. Мада после сите овие муабети за тоа какви гнаси од народ сме на балканиве искрено ми се отиде.
За разлика од србите, хрватите и босанците нашите се нула за нив