dali nekoj od tuka znae so da praam so ozvucenjevo u kolava poso bev u site prodavnici i site mi kazuvaat razlicni stvari
iam 2 pojacala edno 2 kanalno edno 4 kanalno (vkupno 60 ampera) i kondezator i sakam kondezatorot da bide za 2te pojacala
edni vikaat 16ki kabli edni 20ki edni 35ki nekoj vikaat deka ne ni postojat 20ki kabli deka najdebeliot e 10 milimetra..edni vikaat deka osiguracot kaj akumulatorot mora da e na 15 santima od akumulatorot drugi deka nema vrska.edni vikaat deka mi treba razdelnik za struja za od kondezatorot do pojacalata drugi vikaat deka ne treba.edni vikaat deka kondezatorot mora da e na 20 santima od pojacalata drugi deka nema vrska.edni vikaat deka moram 100 amera osigurac kaj akumulatorot vtori 80 treti 60 ampera.duri i vraboteni u ista prodavnica razlicni stvari mi kazaa..prasanjeto e IMA LI NEKOJ U MAKEDONIJA OD OVIE SO SE NAREKUVAAT PROFESIONALCI SO ZNAAT SO TREBA DA SE STAI ?
Како што гледам и покрај мојата дебата пред одредено време на тема (ПРОФЕСИОНАЛЦИ), сеуште има луѓе кои имаат незадоволство од професионалноста на продавниците и сервисите.
Мене многу ме интересира дали може да се посочи кој што ти кажал од местата каде што имаш прашано.
Работава е дека не треба воопшто да си некаков професионалец за да дадеш решение на едноставното барање кое си го имал.
Во работиве што ти ги кажале има и доста исправни одговори но има и тешки глупости.
Сподели го со нас искуството - каде што ти кажале, а ние ке ти дадеме најдобро решение за твоето барање.
Vo Zec i vo Login mi rekoa deka ne postoi kabel podebel od 10 mm.
Vo Vox mi rekoa deka mi treba 20mm kabel so 100 amepera osigurac a toa kaj niv kosta 100 evra (znaci 6 metra kabel i 100 ampera osigurac) i plus mi rekoa deka osiguracot mora da e na 15-20 santima od akumulatorot
Vo Dog prvo mi rekoa 16ka posle se predomislija i mi rekoa 20ka ama ne znaea kolkav osigurac mi treba dodusa ne znaea ni kolkavi se osiguracite vo kitovite kabli i rekoa deka kondezatorot mora da e na 20 cm od pojacalata (poso im kazav deka sakam da bide na edno 60 70 santima od niv)
Vo Autolend rekoa 20ka kabel ama ne ke bilo loso i 35ka so 100 ampera osigurac i edniot od niv rece deka treba razdelnik za od kondezator do pojacala i koa otidov da go kupam drug decko bese tamu i rece deka ne treba razdelnik i deka mozam i so 60ka ili 80ka osigurac kaj akumulatorot da stavam
TRUE/FALSE ?
Ајде прво ке ти дадам мое мислење за одговорите што си ги добил од "ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ" и предпоставка зашто така ти кажале
- Зец и Логинг: Стварно не разбирам зашто ти рекле така, или можеби ако погледнам од друга страна тоа е типичен продавачки пристап.
(Непостои тоа што го бараш затоа што ние го немаме, затоа купи го тоа што го имаме на лагер).
- Вокс: Ништо погрешно не ти кажале, но далеку од професионално. Тоа што ти го понудиле супер ке ти зафрши работа, но дали ти е потребно.
(Предимензионирање и мешање на ценовни класи не е баш професионално)
- Дог: Од која причина се двоумеле за кабелот не ми е јасно. Тоа што незнаеле колкав осигурач ти треба нека го образложат они зашто, но сепак поисправно е да не си сигурен за нешто и да го кажеш тоа така одколку да убедуваш и даваш цврсти мислења за нешто што знаеш дека не е така. А за кондензаторот точно ти кажале.
- Аутоленд: Двата предлога што ти ги дале се исправни (подобро е со разделник со осигурачи).
Не ми ги зимајте мислењава здраво за готово. Не напаѓам никого зашто не сум бил на лице место и незнам што се сте направиле муабет пред да ги дадете решенијата.
Од секоа продавница или сервис која работи со одредена стручна проблематика, клиентот сака да добие и стручно објаснување и адекватно решение пред да купи нешто, без разлика колкави се неговите знаења од областа. Ова го кажувам зашто знаеме дека на денешно време многу лесно се шират информациите за лоши искуства.
- Моето мислење за решение на системот:
Прво мора да ти поставам неколку прашања, врз чија основа би направиле ограничувања во изборот.
1. На кои компоненти сакаш да им изведеш електрично напојување? Модел? За да се одреди барем ценовната класа на системот и моќноста.
2. Колку финансиски си спремен за квалитетна инсталација? Дали да се извадат максималните перформанси од системот или да се исполнат минималните барања за негова нормална работа.
3. Како тоа сакаш да изгледа? Односно дали ти е битен стајлингот или само функцијата.
Без да дадеш одговор на овие прашања нема шанси да добиеш тоа што го бараш.
Сите продавници и сервиси што ти ги поставиле овие прашања имаат професионален и стручен пристап кон клиентот, што не значи дека професионално би го извеле тоа. (или обратно)