Да се надоврзам на
@bramovsk , Голфот (1,6 бензин) што го имав претходно, го сервисирав во овластен и голем сервис ми излезе тогаш (2013 г) околу 350 евра (сет каиши, затегнувачи, 5 л масло, сите филтри, водна пумпа и едно цевче- не знам за што беше), ама добиваш гаранција на вградените делови (пред се мислам на сетот каиши и водната пумпа) и тоа 90.000 км или 5 години, а во приватен сервис ќе ми излезеше цената околу 250 е ама никој не ти дава гаранција повеќе од 50.000 км и 2-3 години (дури не знам дали и толку даваат) и во оваа ситуација, разумот и математиката велат дека е подобро во овластен да се отиде, со тоа што тогаш не знаев за Митревски и не знам он дали и колку дава гаранција и дали се исплати есапот во однос на овластен