Супербот е одлично фамилијарно возило, дали е кола на метро или на две метра е скроз небитно, голема е, комотна е, економична и доволно брза и најбитно многу е тивка внатре. Дека има подобри има, ама тоа не е Инсигниа или 508 на пример, многу е подобра од нив, освен внатре, внатре делува поефтино а и реално е поефтино изработена друго во се ама баш во се е подобра од 508 и Инсигниа.
Јас и тоа како ја препорачувам за фамилија со мали деца, мене одлично ме служеше, гепекот беше максимално искористен, колички х2, точачиња х2 .... никогаш не кратев ова ќе земам она не, се што ќе ми текнеше носев за децата и за мене и жена ми. Пораснаа децата и немам потреба од толкава кола и гепек, ама па кога си навикнат на комоција се друго ми е мало, на пример во Ц Класа сум како зипуван и јас и децата и ич не ја сакаме и кога сме сите 4ца цело време сме со Шкодата.
И што ми е најинтересно, по Шкода најмногу пљукаат оние кои никогаш не ја возеле.
Имам другар со Артеон кој многу пати го има возено мојот Суперб што до Букурешт што до Белград, Тирана ..., и многу пати сам ми кажува дека на големи брзини Супербот многу подобар е за возење, лани се враќавме заедно од одмор и на брзини над 150 напорно му било да ме прати со Артеонот. Ова он го кажува кога директно ги споредува колите.
За тестов и за новиов Суперб, надвор ми е чекор назад ама внатре ми е две класи подобар од претходниот, за стариов голем минус е внатрешноста, ефтина е многу, новиов е одличен и внатре, ама надвор ми е мехх.
Sto motor ima drugar ti na Arteonot? 
Чуден заклучок, потполно иста платформа и иста суспензија имаат , Артеонот пред се има многу подобро седење од Супербот,пониско, и цело возило има понизок центар на гравитација така да таа теза дека потешко се држи над 150 ми е многу сумљива,може споредуваниот Артеон имал не толку добри гуми или ја немал адаптивната суспензија, задната оска е малку поширока на Артеонот и е по стабилен , отпор на тркалање и аеродинамика исто така многу подобри, ги имам возено двете возила, особено Артеон со фејслифт и е многу квалитетно и комплетно возило, не случајно разликата во цена од Супербот беше скоро 30 % плус, не ќе да е само за знакот на брендот.Многу зависи каков стил на возење имаш и каква суспензија и сет ап ти одговара на стилот на возење.