Моторот од астрата е поагилен и помоќен, плус астрата ти е малце поголема. Генерално 1.7 моторот знае да има проблеми со турбото и дпф, меѓутоа ако километражата е точна не би требало да имаш поголеми проблеми во догледно време.
Корсата од друга страна има поекономичен мотор а мислам и дека е малце потромав. Додаток на тоа е што е помалечко возило а со тоа и внатрешниот простор е помал.