и јас барам кола, но што повеќе бараш помалку гледаш, од голем избор не знам што да земам...
дефинитивно големите коли отидоа у пичвајз, а дизели има ко лубеници... дали навистина западњациве се отарасуваат од дизели како од шуга, не знам што е работата...
кај плинот има неколку работи, каде и да е ставен, по 130000+ рачунај треба ремонт на плинот, а ако е некоја марка на плин што не е подржана кај нас тоа значи нов плин...некој викаат да се купи бензинче па после тука плин да се стави, ама и тоа има свои проблеми... имено ако бензинчето има во паметот некјоа маана, не прифаќаат да вградат плин...
посебна прикаска се домашните продавачи, му дошло време да врши поправки и ајде итно продавај...
и годиштето на колите е релативна работа...имено што понови возила тоа пофуш се... имаат повеќе опрема но тоа значи и повеќе главоболки....
најголем проблем е одржување на возилото, без обзир дали е ново или половно....ново е можеби уште полошо, треба да не одиш на работа и само рано од сабајле да одиш во овластиниот..