Автор Тема: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007  (Прочитано 8072 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« на: 22 Април 2019, 10:52:49 am »
Да го претставам „французинот“ како што најавив пред некое време. Да не ги наведувам повторно причините зошто бев во потрага по друг автомобил, сосема случајно ја земав колата, вујко ми беше во Словенија едно 10 дена, ја најдов на оглас, го пратив да ја види и ја зема.
Се работи за Renault Scenic II facelift 2007 со 1,5 dci мотор со 105 кс (78 KW) со 6 брзини, плус има:
- BAS систем за пролизгување (ваљда нешто како ESP, ASR);
- автоматска клима;
- панорама кров;
- команди на волан;
- фабрички „поставки“ за кровни држачи заедно со кровни држачи кои дојдоа со колата (беа во гепек и тука останаа);
- алуминиумски бандажи 16" со летни гуми Фулда Екоконтрол 2016 година и челични бандажи 15" со нови гуми Сава Ескимо (колата беше на зимските, комплет летните во гепек ама успешно беа пренесени преку граница);
- колата имаше 235.000 км, со сервисна историја, мал сервис ќе треба да правам на 240.000, а голем на 260.000 км.
Уште се навикнувам на колата, поради специфичната позиција за седење (во однос на другите коли), која пак овозможува убава прегледност и заедно со „изненадувачката“ лесна управливост ја прави многу лесна за возење.
Сопругата (со детето на задната клупа, односно седишта) е презадоволна во однос на далеку помеката и покомфорна вожња во однос на претходните коли.
Простор има колку сакаш, што во кабина, што во гепек, така да не знам дали некогаш воопшто и ќе ги ставам кровните држачи.
Не сум некој љубител на француски коли (предрасуди пред се) ама оваа кола ценовно (а и фамилијарно) најповеќе ми одговараше, до регистрација ме искошта 3100, со тоа што не морам за следните 5 години (колку што и планирам максимум да ја чувам, ама никогаш не се знае) да мислам за гуми (два сета).
Треба да се сменат предни плочки и да се провери буфер (лагер) на преден десен амортизер, а кога ќе правам мал сервис за некои месец/два ќе побарам детално да ја прегледаат чисто да си знам за мене. Едно ребрасто црево (позади акумулаторот) е мрсно и ми боде во очи ама сега за сега (не капе нигде ништо) не чепкам.
Дополнив фреон пред некој ден, фалеа 150 грама, ставив одма во боја (во случај да губи да видам каде пушта).
Сега за сега толку, добредојдени се совети од поискусните „французи“.
Еве по некоја слика:















« Последно менување: 22 Април 2019, 11:51:10 am Filip MK »
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #1 на: 22 Април 2019, 11:05:21 am »
Со здравје да си ја возиш и не му ја мисли многу. Имаш сервис Виталеда кај техничкиот во кис. вода, дечките (Боби и ? не ми текнува името) се ок, ако уште работат таму.

Не знам како е кај сеникот изведено, ѕирни го одводот под шофершајбна, кај меганот2 има две црева кои се затнуваа и влегуваше вода во кабина.
« Последно менување: 22 Април 2019, 11:47:41 am Mikius »

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #2 на: 22 Април 2019, 11:49:26 am »
Со здавје да си ја возиш убав Сеник си начекал со уште поубав мотор, бездрефектен и евтин за орджување. Нема што да му се секираш на моторот, мрсното црево позади акумилаторот е мрсно од маслени пареи не е проблем тоа. Моторот е слаб за каросеријата па затоа си троши појќе од еден Меган. Сервисот шо го спомна Микиус е префрлен во нас. Маџари и од мене имаш препорака за него.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #3 на: 22 Април 2019, 12:24:50 pm »
Закажи си хемиско.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #4 на: 22 Април 2019, 13:24:44 pm »
@Deni Ќе договорам со Даме, скоро цел мај е букиран, треба нешто да испланирам, ќе биде и тоа
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #5 на: 25 Април 2019, 09:32:20 am »
Чисто за евиденција, монтиран летниот сет (Фулда Еко контрол 205/55/16, ДОТ 2016) на 237.000 км.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #6 на: 27 Мај 2019, 09:17:09 am »
На 238.500 км сменети предни спирали кај тој „Саше“ на Првомајска (Борис Трајковски), фабричка мана имаат оригиналните (таа гума собира и држи вода и кородираат, после пукаат), ќе ги сликнам во друга прилика
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #7 на: 27 Мај 2019, 10:57:28 am »
Со здравје да го возиш друже!
New blood of old school

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #8 на: 28 Мај 2019, 08:35:28 am »
@Принц Фала другар, здравје да имаш, за убаво само
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен HardCorec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #9 на: 28 Мај 2019, 10:13:42 am »
Одлично количе, со здравје да си го возиш и долго да те служи.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #10 на: 28 Мај 2019, 14:51:49 pm »
@HardCorec Фала, здравје да имаш и да си возиш што ти сака душа :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #11 на: 13 Јуни 2019, 15:00:51 pm »
Мал сервис на 239.300 км (12.06.2019 година), направен во сервис Митревски:

- Масло 5/40 (4,5 Л)            = 1800 ден
- Филтер за масло               =   300 ден
- Филтер за воздух              =   450 ден
- Филтер за нафта               = 1900 ден
- Филтер за полен (карбон) =   700 ден
- Работна рака                    =   650 ден
- Вкупно                         = 5800 ден

П.С Од Прчот добив убава понуда за масло и филтри ама во сервисот Митревски важи политиката преку нив се да оди, инаку убаво би било да може да си направи човек сервис во „домашни“ услови
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #12 на: 13 Јуни 2019, 15:21:08 pm »
Наздравје сервис.

Карбонски полен филтер 700 денари?

Интересно.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #13 на: 13 Јуни 2019, 15:25:08 pm »
Уљето некако евтино,филтерот за нафта скап.
Интересно количе за возење иначе 😊

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #14 на: 10 Октомври 2019, 09:31:20 am »
Мал „update“ на темава, после 6 месеци мал „јубилеј“, односно поминати 10.000 км (моментално 245.000). Колата ми легна полесно отколку што очекував, дури и во градскиот метеж по Скопје. Пријатна и помека вожња од претходно (Голф 5, Фиат ГП), ама не толку агилна, односно попасивен сум со оваа кола, заради габаритот и моторот од 1,5. За просторот и комфорот да не се повторувам, само позитивно искуство и мислам дека би ми било малку тешко да се вратам на „обична“ (некој хеч како што имав) кола и да се навикнам на истото (освен што потајно посакувам тси, здравје).
До сега сменети предни спирали и направен е еден мал сервис и се надевам дека ќе остане претежно на редовно сервисирање.
До крајот на годината планирам промена на предните дискови со плочки и стабилизатори (едниот како да го слушам) а во дилема сум дали да правам голем сервис на следниот интервал за сервис (на 250.000) затоа што голем сервис е правен на 200.000 км пред 2 години или да чекам до 260.000-280.000 (или уште 2 години) како што планирав, ќе видиме.
Претпоставката е мајката на сите заебувања