Автор Тема: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007  (Прочитано 8070 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #15 на: 13 Ноември 2019, 08:37:09 am »
На 10.11.2019 година, на 246 500 км направена промена на летниот со зимскиот сет. Со летниот сет Фулда Еко Контрол (дот 2016) 205//55/16 оваа сезона поминати 9 500 км, детално исчистени и премачкани со (немаше Сонакс спреј што редовно го користам) едно како млеко од Лукоил, малку потешко се нанесува и поспоро впива, ќе видам какви ќе бидат гумите во пролет. Зимскиот сет Сава С3 + (дот 2018) 195/65/15, ова ќе им биде втората сезона, а прва откако колата е кај мене, па ќе ги провериме, ако падне снег  8)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #16 на: 13 Ноември 2019, 09:17:34 am »
Нема што да проверуваш, една од најдобрите гуми за на снег.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #17 на: 18 Ноември 2019, 08:58:40 am »
До крајот на годината планирам промена на предните дискови со плочки и стабилизатори (едниот како да го слушам)
За ова пишав и во темата „Квалитетни дискови и плочки“, дисковите беа израмнети и детално исчистени (штета што немам слики пред и после), плочките се сменети, имало проблем со едната страна, клипчето не враќало доволно (запекнато, наслаги од прљавштина, сол) и едната плочка била скроз отидена (баш од таа страна која не ми е достапна за визуелна проверка). Затоа многу се изненадив кога со вујко ми ги менувавме гумите, летен-зимски сет, и кога ми кажа дека на едната плочка има „месо“ за уште месец дена макс. Детално исчистени и подмачкани клипчињата на двете страни, очекував после промената дека ќе кочи по нагло некако, во секој случај е подобро, претпоставувам треба малку време да легнат новите плочки. Нема квицкање, цвилење, изгледа стварно се добри плочките што ги земав од Мега. Еве по некоја слика од старите плочки.

Ова е подобрата страна:


Ова е „спорната“ страна:


Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #18 на: 18 Ноември 2019, 09:07:58 am »
Заборавив да пишам, стабилизаторите не ги слушам повеќе, уствари тоа што сум го слушал доаѓало од плочката од десната страна. Арно не отидов да ги сменам, ќе ми ги променеа без проблем. А ќе се заколнев дека беше звук од стабилизатор. Не знам дали звукот доаѓал од тоа што едното клипче било заглавено, важно сега го нема.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #19 на: 18 Ноември 2019, 09:18:10 am »
И на i10ката имаше тропкање, со тоа што знаев дека е од плочките, но мислев дека има удел и ентериерот.
Откако ги сменив заклучив дека 95% од галамата била од плочките :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #20 на: 18 Ноември 2019, 10:37:04 am »
@Mikius Плочките тропкаат заради истрошеност или нешто друго, за ова не знаев
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #21 на: 18 Ноември 2019, 13:34:20 pm »
Има и едни anti rattle clips, и тие знаат да јадат гомна.

Обично одат со плочките, комплет.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #22 на: 03 Јули 2020, 17:18:08 pm »
Уште ја возиш колата?
Како си задоволен?
Нешто DPF филтерот дали ти правел проблем при одржување, односно регенерација?

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #23 на: 03 Јули 2020, 23:31:02 pm »
Nema dpf 1.5 vo ovaa generacija samo 1.9 ima dpf. Problemite so regeneracija doagaat od gradsko vozenje i kratki relacii kade sto motorot ne ni uspeva da zagree na rabotna temperatura . Za da nema problem so regeneracija na dpf ubavo e da se stava aditiv za dpf na sekoj tret rezervar za da gi izbignes prisilnite softerksi regeneracii koa ke svetne lampata a cesto znae da vleze i vo limp mode ako zatne epten.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #24 на: 04 Јули 2020, 00:36:33 am »
@vandex Уште се вози колата, за година и пол имав само една непланирана интервенција, промена на дихтунг на глава (нормално и тоа што е пропратно при ваква интервенција). Друго редовни сервиси, следниот ќе биде голем, побрзо од очекуваното (во карантин, полициски час, сум поминал 5000 км.
Како што ти одговори @Prcot овој модел нема ДПФ, ама јас и така правам чести излети по автопат (најчесто Куманово и Демир капија).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #25 на: 04 Јули 2020, 10:38:20 am »
@Mikius Плочките тропкаат заради истрошеност или нешто друго, за ова не знаев

Кога се истрошени плочките може да се откачат од лежиште и да вибрираат и тропкаат. Постои слецијален еден термостабилен лепак, се става и не тропкаат после тоа.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #26 на: 04 Јули 2020, 11:45:51 am »
Nema dpf 1.5 vo ovaa generacija samo 1.9 ima dpf. Problemite so regeneracija doagaat od gradsko vozenje i kratki relacii kade sto motorot ne ni uspeva da zagree na rabotna temperatura . Za da nema problem so regeneracija na dpf ubavo e da se stava aditiv za dpf na sekoj tret rezervar za da gi izbignes prisilnite softerksi regeneracii koa ke svetne lampata a cesto znae da vleze i vo limp mode ako zatne epten.
@Prcot какви адитиви се ставаат? Има некоја посебна ознака за 1.9 dCi?

И некаде прочитав негативни коментари за сервисот на  Илинденска па ме интересира што е со нив? До толку ли треба да се избегнуваат?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #27 на: 04 Јули 2020, 12:08:29 pm »
@vandex Многу поплаки има за тој сервис на Илинденска, моја препорака ти е Виталеда, таму ги правев последните сервисирања и таму планирам да правам и голем сервис
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #28 на: 04 Јули 2020, 12:25:46 pm »
@Filip MK на веб страна пишува Маџари, на фб пишува Кисела Вода.
Побогу кај се овие Виталеда?  :-[

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Renault Scenic II Sky 1,5 dci 2007
« Одговори #29 на: 04 Јули 2020, 14:27:42 pm »
@vandex Уште се вози колата, за година и пол имав само една непланирана интервенција, промена на дихтунг на глава (нормално и тоа што е пропратно при ваква интервенција). Друго редовни сервиси, следниот ќе биде голем, побрзо од очекуваното (во карантин, полициски час, сум поминал 5000 км.
Како што ти одговори @Prcot овој модел нема ДПФ, ама јас и така правам чести излети по автопат (најчесто Куманово и Демир капија).
Ме интересира зошто дихтунгот? Не сум слушнал да се проблематични на тој мотор.