Жими мајка 170.000 км.
Башка цената е висока. За тие пари се зема кола 12 години стара од компакт класа. Ако ја даде за 2800 и си носиш тампони за во уво, може да помине зделката. Ако е зачуван моторот ќе тера без проблем. Меѓутоа проблем општо со електроника и електрично серво би можело да се очекува, си го имаат сервото и климатизацијата како маана, башка штоповите се полнат со вода, задните добоши шкрипат како на стара Шкода.
Колега од работа го има истото возило 2005 година, увезено од надвор, нормално со слична (вратена) километража, го купи за 4000 и нешто евра пред година дена (на глава му се качив дека го претплатил, ама не па не него му се свидело). Од проблеми што ги имаше до сега се истите што ги спомна Tischläufer, односно прво му откажа сервото а после 2 недели и климата. Бараше серво на старо по отпадиве, 3 пати земаше серво од разни отпади за да 4тиот пат му се погоди. Тоа задоволство го чинеше некои 150 евра плус работна рака. За климата му имаше откажано нешто со радијаторот па и тоа мораше да оди на старо да го бара, 30 евра плус работна рака плус фреон.
Од друга страна, моторот е малце погласен знам бидејќи ја имам возено таа кола меѓутоа е издржлива како трактор
Мал сервис прави кај Митревски еднаш годишно и тоа го чини некои 4-5000 денари.
Едит: Заборавив да пишам дека има проблем со едниот аирбег од страна на неговото седиште и поради тоа ниеден аирбег не му функционира, му јавува грешка дека има неисправен сензор на аирбегот. Решение е да се смени со нов или да се поправи сензорот. До сега си го вози така...