Автор Тема: Suzuki vitara 2019 problem?  (Прочитано 3704 пати)

Отсутен sasemkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 84
Suzuki vitara 2019 problem?
« на: 20 Април 2019, 00:41:21 am »
Moze li nekoj da pomogne kupiv nova Suzuki vitara i mi pojavuva ova na displejot
start stop unavailable
Opcijata za gasenje na motorot koga ke zastanes vo ler ne e isklucena na kopceto.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #1 на: 20 Април 2019, 00:49:43 am »
Можат да ти помогнат во официјален сервис пошто ти е под гаранција

Присутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #2 на: 20 Април 2019, 08:17:44 am »
Moze li nekoj da pomogne kupiv nova Suzuki vitara i mi pojavuva ova na displejot
start stop unavailable
Opcijata za gasenje na motorot koga ke zastanes vo ler ne e isklucena na kopceto.

Може да не е акумулаторот наполнет на доволно ниво, затоа не работи. Извози ја на подолга релација.
Исто така опциите за греачи на стакла и ретровизори и одмаглувачи на шофершајбни го исклучуваат старт-стоп системот.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Потпис.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #3 на: 20 Април 2019, 09:54:03 am »
Кола под гаранција се поправа во овластен сервис во склоп на гарантните услови, и со помошна државен пазарен инспекторат ако не оди првото. Другиве паламудења по форум се само од едукативен карактер во случајов.

Отсутен sasemkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 84
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #4 на: 20 Април 2019, 14:35:00 pm »
 Se javiv posle 200-500km namesteno bilo da se aktivira .za da Se razrabotel motorot

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #5 на: 21 Април 2019, 08:31:34 am »
Кај мене на фокусот се уклучуваше С/С уште од првиот километар од фабрика. Ама читам на Форд форумиве дека кај нови возила што стоеле некое време на лагер, батеријата ослабнувала од стоење и требало дури до 500км лесто возење за да се поднаполни па да почне старт/стоп да работи.

Исто така ја најдов и оваа информација:

No, old school tech says to change the oil around 1k miles, but from a friend of mine for 26+ years that sells cars told me the new oil they come with is a "special oil" and should not be changed early. Told me that it contains zync or something to help the motor break in. I am changing the oil tomorrow for the first time around 5100 miles.

He was selling Honda's at the time. That is what Honda's come with I would just assume all new cars are using this "special oil" not just Honda

Sent from my Redmi Note 6 Pro using Tapatalk


Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #6 на: 22 Април 2019, 00:04:43 am »
Старт-стоп системот ти зависи од многу фактори. Конкретно од извозени километри ич не ти зависи, остај што зборат Сузуки. Кај мене беше активен од прв километар. Зависи од следново:

- Напон на батерија (јас имам Свифт хибрид, па батеријата ми е јака страна, одма се наполни)
- Сетинг на шал табла (Comfort или Normal). Normal кога е, старт-стоп работи регуларно без разлика на све, кога е во Comfort, старт-стоп касни со реализација, за да им дозволи на климата и грачите да поработат уште малце.
- Температура на мотор, логично, ако е ладен моторот, нема да работи старт-стоп системот
- Одврзан појас на возач (незнам зошто, можда ради безбедност)

Не ти е расипана колата, уживај.

Отсутен sasemkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 84
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #7 на: 28 Април 2019, 21:21:45 pm »
Se aktivira posle izvozeni 110km

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #8 на: 28 Април 2019, 21:53:27 pm »
Алгоритамот за старт стоп системот функционира откако ќе се исполнат сите од следните услови:
  • Температура на разладна течност да е во опсегот 60 до 115 целзиусови степени (информација добиена од термостат)
  • Температурата на маслото во менувач да е поголема од 10 степени, но не поголема од 120 степни
  • Режимот на возење на моторот (турбината) да се умерени, односно да не е гмечено возилото повеќе од 3 минути под полна гас пред застанување во место (штити турбина од прегревање, дихтунзи од горење после здраво гмечење на автопат и застанување на патарина на пример)
  • Вртежите на моторот при целосно застанување да се во опсегот 750-950 вртежи во минута
  • Температура на катализаторот во работно подрачје (информација добиена најчесто со следење на параметрите на ламда сондите пред и после катализаторот во комбинација со инфото од термостатот)
  • Надворешна температура над 10 целзиусови (многу често овој параметар е симнат на пониска вредност кај скандинавските земји)
  • Врзан појас на возачот (ова е безбедносен протокол за да не искочи возачот од возило во случај на изгасен мотор од старт стоп)
  • Температурата поставена во кабина да е идентична на температурата поставена на системот за климатизација (ако е премногу топло или ладно во кабина, СС системот не е активен се додека не се постигне посакуваниот комфор во кабина)
  • Напонот на главниот или секундарниот акумулатор да се во пропишана вредност
  • Вкупната ангажирана ампеража од вклучените потрошувачи да не ја надминува минималната вредност која што алтернаторот треба да ја постигне зголемена за амперажата на анласерот кој што треба да го стартува СС системот. И да е полн акумулаторот ако имате вклучено светла за магла, брисачи, грачи за стакла, светла и клима старт стоп системот нема да се вклучи. Системот априксимира тека возите во несекојдневни услови и го става возилото во приправност без СС систем
  • Брзината на возилото да е 0 км/ч
  • Папучата за гас да не е притисната
  • Аутохолд системот да е активен пред да се активира СС
  • Хаубата да е затворена
  • Аголното забрзување на воланот да е приближно нула
  • Вратата на возачот да е затворена
  • СС системот да не е деактивиран си копчето внатре во кабина од страна на возачот.


Дел од возилата ги немаат сите овие параметри во алгоритамот, ама најчесто горе споменатите се пресудни параметри во алгоритамот во возилата од ВАГ, Мерцедес, БМВ, Хонда, Тојота.


Старт Стоп не е заебанција, паметен систем е.



Кај некои брендови има и дополнителни параметри ама ај да не ја тупам сега. И така никој не чита....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #9 на: 28 Април 2019, 22:06:29 pm »
Јас читам, све што кажа е точно.

Sent from my Redmi Note 6 Pro using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #10 на: 29 Април 2019, 08:36:38 am »
Добра листа.

Еден исто битен параметар е и температура во кабина. Ако си наместил 22 на ауто а во кабина е сеуште пекол или многу ладно во зимски денови, тогаш СС нема да фунцкионира. Имаше некои +/- 3 степени дозволена разлика од поставена и фактичка температура во кабина за да работи СС.

И да, сс работи и на -15 според мое искуство ама многу ретко мислам дека нема врска со скандинавски земји, туку треба ептен да се погодат многу работи за да функционира.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #11 на: 29 Април 2019, 08:59:07 am »
Читам и јас. :)

Вакви работи секогаш ми биле интересни. Пред 15-тина години правев муабет со инженер од Mercedes за алгоритмите кои се користат за колата да одлучи дали да активира ABS или не. Многу, многу се покомплицирани работите од она што ние мислиме. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Suzuki vitara 2019 problem?
« Одговори #12 на: 29 Април 2019, 09:18:29 am »
Кај мене во Фокусот внатре е топло и пуштена е климата која дува ладно. Старт стопот и покрај тоа се уклучуваше. Го гасеше моторот на 30 секунди, па пак го палеше.

Комплицирано јебига.

Sent from my Redmi Note 6 Pro using Tapatalk