Автор Тема: Мислење/искуства за купување на Голф 7 1.2 TSI и Тојота Аурис/Корола 1.2Тurbo  (Прочитано 14876 пати)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Сопственик сум на атмосферски бензинец и љубител сум на атмосферците. Планирам да купувам нова кола бензинец, денеска производителиве се почесто во тренд им е да прават мотори со мал број на кубици со турбо полнач и пополека изчезнуваат атмосферците а кога че видам турбо или ко че ми спомна дека е турбо колата исто ме јади јанза исто ко некој да ми рекол утре тие погребот. Фрлив око на Голф 7 2013 1.2 TSI тој со 86кс и 105кс. Сакам да прашам, дали овие мотори ги владее лош дух, на форумов превртив многу страни/теми и од некој членој најдов негативни коментари дека моторот е 8 вентилски, користени се едноставни материјали во механиката и дека турбо полначите откажуваат и дека овие мотори можат да го служат возачот до кај 150.000км.
Друга кола како половна и нова мие Тојота Аурис/Корола (и новата 2019) со 1.2Т турбо бензинецот. Истата јанза ме јади како кај Голфот, додуша ова е Тојота али турбото најмногу ме плаши без разлика дали е швабска/јапанска кола...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Купи си без турбо штом толку те јаде јанза, башка, љубител си на атмосферец.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Друже голф 7 со 1.2 105 е добитна комбинација и нема ништо слично со 1.2 105 што се вградуваше во голф 6,леон, јети итн.

Од тоа што сум читал и сеуште сум активен по странски форуми за голф, можам да тврдам дека овој мотор иако кратко време се вградуваше едноставно нема ништо лошо да прочиташ за него. Моторот е на каиш, мислам моделот со 105кс има 6 брзини, економичен, релативно брз и доверлив.

Тојотата е релативно нова со тој мотор ама јапанци се веројатно си ја знаат својата работа. 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Тојотата има 6 години гаранција.


Киа Цеед 1.4 атмо со 7 години гаранција погледни ја, мислам дека по муабетов највеќе би те бендисала.
« Последно менување: 12 Април 2019, 20:23:29 pm Deni »

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Другар, повози кола со турбо мотор. Па после пиши ни тука какви ти се впечатоците.

1.2 ТСИ во Голф 7 е ок. Како што кажа Влатко 105коња и 6 брзински менувач се топ комбинација.

Атмосферци ако купуваш на ново само Киа, Хјундаи, Тојота.

Штом еднаш пробаш турбо бензин, нема веќе назад на атмо. Обавезно да ја повози на обиколница колата што ќе ја тестираш. Особено делницата од Јадранска Магистрала накај Сарај, на успонот.

Тука ќе видиш што значи атмо бензин и турбо бензин.

21 век сме, турбо моторите се реалност. Не им се плаши многу. Уживај во нив.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Ме гризе совест поради претходниот саркастичен пост.

Некаде низ темиве на форумов веќе имав споделено дека бирајки нова кола тестирав 1.2 тси 105 коња во сеат ибица и веќе не сакав да слушнам за атмосфеерец.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Малолитражните турбо бензинци на Фолксваген не се механички докажани. 1.2 Tsi се вградуваше само кратко време во ограничен ранг на возила. Истиот повеќе не се произведува, заменет е со 1.0TSi кој е многу нов мотор. МОментално се вградува во многу модели од Карок до Поло, но е прва итерација на моторот. Бидејќи се фура во мнооогу модели и волумени, сумјам дека би си дозволиле нешто да му фали на моторот ама сепак...

Посигурна варијанта ти се 1.2 турбо на тојота и пежо моторите, 1.0 екобуст со 100, 125 и 140кс на Форд. Други добри мали турбо бензинци нема во понуда. На Опел моторот исто така е нов и е прва или втора итерација. Попаметна варијанта ти е да видиш малце поголем мотор, 1.4 турбо на Опел, 1.4 Турбо на Фолксваген, 1.5 Турбо на Форд, 1.4 Турбо на ФИат.

Али пази, после турбо бензинец каков и да е, нема назад на атмосферец или дизел.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
1.2 тси во голф7 се вградуваше од 2013 до 2016 и се поминати 6 години од тогаш без буквално никакви проблеми. Ама 1.0 што се вградува од 2014 во форд фокус да ти бил посигурна опција, оф мори мајко :) ..

како и да е време е да даваме реални совети без предрасуди и ментални ограничувања дали било форд, пежо или ваг. Разумен човек можеби нема да понуди 1.2 од преходната генерација поради потенцијални проблеми со ланчето, потрошња на уље и ред други проблеми. Ама да бидеме малце непристрасни не е лошо.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
1.2 се вградувал 3 години... И сеа? Зошто сеуште не се вградува ако немало ич проблеми?

1.0 EcoBoost се вградува од 2010-та вкупно 9 години со 3 итерации на моторот. 1.0TSI е сеуште прва итерација.

И сеа? Да бидеме непристрасни или само да ги фаворизираме Фолксваген?

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Мислењето на @Tischläufer најмногу е прецизирано околу 1.2  и сам си поставив прашање. Можеби моторот си нема галје добар е, али тогаш зошто го укинаа и го воведоаа 1.0 додека 1.4 се уште e во производство (ако грешам исправетеме).
Иначе околу Фордот и Опелот не ми иди ни во предвид тие возила. Интересов падна на Голфов и општо да добијам мислења околу турбо технологијата на Тојота.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Турбо технологијата на Тојота е тука неколку години, но во европа е многу малку застапена и ме загрижува што скоро анализирав многу околу малите турбо бензинци, но за Тојота има многу малку искуства. Ми изгледа дека Тојота не се потрудија многу околу турбо технологијата. Ми се чини дека го извадија тој мотор колку да се рече. Тие најмногу се концентрираа околу атмосферските бензинци со варијабилни вентили, хибридите и возилата со водородни келии. Дизелот и турбо бензинецот онака како да го прескокнаа.

Мислам дека моментално ПСА, Форд и Фиат имаат најдобри мали турбо бензинци. Но тоа сега се менува. Напаѓаат и Рено со ТЦЕ, Опел со Екофлекс, Фолксваген со тси и тоа е добро во принцип за нас потрошувачите.

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 604
Мислењето на @Tischläufer најмногу е прецизирано околу 1.2  и сам си поставив прашање. Можеби моторот си нема галје добар е, али тогаш зошто го укинаа и го воведоаа 1.0 додека 1.4 се уште e во производство (ако грешам исправетеме).
Иначе околу Фордот и Опелот не ми иди ни во предвид тие возила. Интересов падна на Голфов и општо да добијам мислења околу турбо технологијата на Тојота.
Не се произведува повеќе ни 1.4, заменет е со 1.5 :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
1.2 TSI не се произведува затоа што имаше 4 цилиндри и беше многу бесмислено блиску со перформансите со 1.4 ТСИ.

Производителите направија right sizing на моторите и понудија малолитражни турбо бензинци со три цилиндри во нискиот опсег на возила во гамата, средно литражни како 1.5 тси во хеч класата и погоре.

1.0 TSI е со три цилиндри. Сосема друг концепт од 1.2 ТСИ.

Многу е пологично да имаш спектар на мотори со 1.0, 1.5, 2.0 зафатнина

Отколку 1.2, 1.4, 1.8, 2.0 што беше претходно.

Рационализација и ефикасност во производство се причината затоа што 1.2тси и 1.4тси не се произведуваат веќе.

Дека имаа маани првите итерации од овие мотори, е точно. Но во ревидираните верзии подоцна овие работи се испеглани и моторите се добри.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Првите верзии на тси се живо лајно, премногу стварно премногу мани и проблеми. За поновиве незнам ама верувам дека како и за првите сопствениците преќутуваат пошто тоа е нели ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ ПРЕПЛАТЕН ГОЛФ

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
За 1.5 TSI ACT со деактивација на цилиндри читав дека се наоѓаат на самата граница на возможното со МВС мотор, дека бил претерано комплициран и нетолерантен на различни масла и горива и дека многу скоро ќе има втора итерација од истиот мотор за во Голф 8, Скала и новиот Пасат