Малолитражните турбо бензинци на Фолксваген не се механички докажани. 1.2 Tsi се вградуваше само кратко време во ограничен ранг на возила. Истиот повеќе не се произведува, заменет е со 1.0TSi кој е многу нов мотор. МОментално се вградува во многу модели од Карок до Поло, но е прва итерација на моторот. Бидејќи се фура во мнооогу модели и волумени, сумјам дека би си дозволиле нешто да му фали на моторот ама сепак...
Посигурна варијанта ти се 1.2 турбо на тојота и пежо моторите, 1.0 екобуст со 100, 125 и 140кс на Форд. Други добри мали турбо бензинци нема во понуда. На Опел моторот исто така е нов и е прва или втора итерација. Попаметна варијанта ти е да видиш малце поголем мотор, 1.4 турбо на Опел, 1.4 Турбо на Фолксваген, 1.5 Турбо на Форд, 1.4 Турбо на ФИат.
Али пази, после турбо бензинец каков и да е, нема назад на атмосферец или дизел.