Дечки, поздрав. Не знам дали веќе има оваква тема. Ако има - слободно избришете по собирањето на информации од ваша страна.
По добри 8 месеци барање работа, конечно се вработив во една приватна фирма во околината на Плоштад Македонија. Јас сум од Штип. Ќе патувам од понеделник до петок. Веројатно 1 месец додека се искристализираат работите би патувал со автобус. Потоа би сакал со уште 2-3ца да патувам со сопствена кола. Ваљда до тогаш би го пуштиле и официјално автопатот Миладиновци - Штип, така да уште една причина плус за патување со кола, во поглед на растојание, времетраење на патувањето и леснотија на истото.
Како што рачунав месечно за гориво би излегувало околу 15000 ден (со врачунати 7l/100km, онолку колку што си ја знам колата), без патарини. Ова поделено на 4 луѓе излегува веќе прифатлив трошок за превоз. И секако - без непланирани поправки
Како за споредба - месечна карта со Струмица Експрес чини 300 денари повратна. Со 22 работни дена - 6600 денари.
Сакам да прашам - која би ми била најевтина опција за паркирање на колата во тој регион околу плоштадот? Гледав за катната гаража Кресненско Востание (онаа позади МЕПСО, кај што е Loft). Месечната карта е 1800 денари, а годишната е 14000 за физички лица.